„Вие сигурно знаете што значи тоа да се стекнат пари.
Тоа истото важи и за Светиот Дух.

Целта на земниот живот за обичниот човек значи да заработи пари,
или да стекне почести. одликувања и награди.

Светиот Дух, исто така е капитал, и единствено богатство кое никако не престанува..

Секое дело извршено од љубов спрема Христос ја донесува благодатта;
во секој случај, преку молитвата тоа најлесно се постигнува,
зашто таа е оружје со кое секогаш располагаме.

Може да се случи да сакате да отидете во Црква, но црквата да не е во близина, или службата да завршила.

Или, имате желба да поделите на сиромавиот, но него го нема;
или сакате да бидете непорочни, но за тоа да немате сила.

Но, за молитвата, за неа секогаш постојат можности, таа му е достапна
како на богатиот, така и на сиромавиот,
како на учениот, така и на простиот,
како на силниот така и на слабиот,
на здравиот, како и на болниот,
на праведниот, како и на грешниот.

Силата на молитвата е огромна, повеќе од се` друго, таа ни го дава Духот Свет …“

(Св. Серафим Саровски – Целта на христијанскиот живот е задобивање на Духот Свет)

 

Претходна статијаКАКВА ТРЕБА ДА БИДЕ ЖЕНАТА ХРИСТИЈАНКА?
Следна статијаКако разликуваме вистински од лажни маченици – Владика Наум