Втора седмица по Педесетница

Свето евангелие според светиот апостол Матеј 4:18-23 18.

И одејќи покрај Галилејското море, ги виде двајцата браќа, Симона, наречен Петар, и брата му Андреја, како фрлаат мрежа во морето, бидејќи беа рибари,

19. и им рече: „Појдете по Мене, и Јас ќе ве направам ловци на луѓе.”

20. И ете, тие веднаш ги оставија мрежите и тргнаа по Него.

21. Потоа, одејќи, понатаму виде други двајца браќа: Јакова Заведеев и брата му Јована, во Кораб со Заведеја, таткото нивни, кои си ги крпеа мрежите свои, и ги повика.

22. И тие наеднаш го оставија коработ и татка си и тргнаа по Него.

23. И одеше Исус по цела Галилеја и, кога поучуваше по синагогите, го проповедаше Евангелието на царството и лекуваше секаква болест и немоќ кај народот.

 

Претходна статијаВладика Струмички – Физичкиот прогон е бескрајно помал од „духовниот“ прогон и геноцид!
Следна статијаМОЛИТВА КОН СВЕТИТЕ БЕССРЕБРЕНИЦИ КОЗМА И ДАМЈАН