СТАРЕЦ ПОРФИРИЈ – ДУРИ И РАК ДА ИМАМЕ...

Еден човек пред извесно време ме праша:
– Кога ќе оздравам?

– А! – му одговорив. – Штом кажеш:
„Кога ќе оздравам?“, никогаш нема да оздравиш.

Не е правилно да Му се молиш на Бог за такви работи. Му се молиш со немир, во агонија, да ти ја тргне болеста, но дури тогаш уште повеќе те опфаќа и уште посилно те стега.

Не треба такво нешто да бараме во молитвата. Ниту, пак, ти немој да се молиш со таква молба.

Тој се уплаши, па ми рече:
– Зарем да не се молам?

– Како тоа го прашуваш? – му возвратив. Моли се, многу моли се, но моли се Бог да ти ги прости твоите гревови и да ти даде сила да Го љубиш и да Му се предадеш.

Кога Му се предаваме на Христос, нашиот духовен организам се смирува, а како резултат на тоа сите наши органи и жлезди почнуваат да функционираат нормално.

На сѐ се шири благодатното влијание. Оздравуваме, престануваме да страдаме.

Дури и рак да имаме, ако сѐ Му препуштиме на Бог и ако нашата душа се успокои, божествената благодат може со помош на тоа спокојство да влијае да исчезне и ракот, и сѐ останато.

Ако сакате да знаете, и чирот во стомакот се создава од невроза. Симпатичкиот систем, бидејќи трпи притисок, се стега и се разболува, па така се создава чир.

Еднаш, двапати, трипати; стегање, стегање; жалост, жалост, жалост; вознемиреност, вознемиреност, вознемиреност – и оп, чир!
Чир или рак, зависи.

Кога во нашата душа постои смут и пореметување, тие влијаат на телото и нашето здравје се нарушува.

Не говорете: „Господи, исцели ме!“ Не!
Туку:
„Господи Исусе Христе, помилуј ме“;
несебично, со љубов, ништо не очекувајќи.

„Господи, дај ми го она што го сака Твојата љубов“.

Само така постапувајте отсега па натаму, со љубов кон Христос и кон браќата наши. Возљубете Го Христос!

Бидете свети! Препуштете се само на пријателство со Христос, само на љубовта Негова, само на божествената љубов.

Старец Порфириј+

Претходна статијаСВЕТА ТАЈНА ЕВХАРИСТИЈА – чудо над чудата!
Следна статијаAпостоли Христови Петар и Павле, молете се за нас!