Првиот Вселенски Собор се одржа во Никеја, во 325 година, во времето на царот Константин Велики. На Првиот Вселенски Собор учествуваа голем број значајни светители, меѓу кои особено се истакнуваа:
Николај Мирликиски, Спиридон Тримитунтски, Атанасиј Александриски, Ахил, Пафнутиј, Јаков Нисивиски, Макариј Јерусалимски, Александар Александриски, Евстатиј Антиохиски, Евсевиј Кесариски, Митрофан Цариградски, Јован Персиски, Аристак Ерменски и многумина други од Исток. А од Запад присуствуваа: Осија Кордобски, Теофил Готски, Цецилијан Картагенски и други.
Од толку и такви (луѓе) беше составен оној свештен Собор, судејќи некој си Ариј новаторот, поради злочестие (неправославие), и утврдувајќи ја Апостолската и Божествена проповед (на Вистината).
А тој несреќник (Ариј) беше по потекло од Александрија, вброен во клирот на тамошната Црква, и искачувајќи се на степен презвитер, најпрво против својот пастир крена горда помисла, и оттука против Општиот Пастир и Господ го продолжи безумието.
Зашто Синот и Логос Божји – о колку дрзок јазик и разум на оној! – го понижувал до твар и создание, не сакајќи да го сфати ни она од сите заедничко и самонаучено признание:
дека секој син е од иста суштина и природа со родителот; и кој го става синот помеѓу созданијата, со тоа и отецот (му) го нарекол создание.
Како што и кој (Бога) Отца го исповеда дека има творечка суштина и вечна природа, ќе исповеда воедно дека и Синот е од една иста (суштина и природа).
Зашто (инаку), каде е таа автентичност на синовството, ако Отецот има една суштина, а Синот друга?
О како нема (оттука) да произлезе многубоштвото на елинската заблуда, ако Божеството е расцепено на помала и поголема суштина, и ова е одредувана како прв и творечки Бог, а онаа разликувана како втор Бог, и слуга, и неодамнешен? Тоа се, значи, плодовите на Ариевото сеење зло (ерес).
Но овој, како таков што има уста хулна против Создателот, Свештениот Собор го лиши од свештенство, а неговата најбезбожна и богоборна ерес ја подложи на анатема.
Синот пак и Логос Божји (Отците на овој Собор) свештенословејќи (<erolog/sante~)[2] јасно објавија дека е едносуштен и едноприроден и совечен на Родителот Отец, и дека има една иста власт и Господство, како што велат Божествените изреки (на Светото Писмо) и заедничките догмати на благочестивите (православните); добро знаејќи дека, како што е сведувањето на Троичното Единоначалство и Господство на едно лице – јудејско и христомрзечко (учење), така е и расцепувањето на нееднакви природи на Надсуштественото и Натприродно и Единствено Божество – елинско многубоштво.
Во тоа е, значи, (и за тоа е одржан) Светиот и вселенски прв собор.
(Првиот вселенски собор во Никеја го составил Символот на верата /првите 8 членови/, и донел и 20 канони.
Соборот го утврди и времето за годишното празнување на Христовото Воскресение (Велигден).