САДОВИ СО ДУХОВЕН МЕД!
И свети Касијан приведува еден ваков поопширен совет, што му го дал свети Антониј на еден монах:
„Монахот треба да се насочува кон духовното совршенство, не треба да се угледа само на еден од светите оци, кои успеале во тоа, зашто во никого не можат да се најдат сите добродетели во совршенство.
Еден е украсен, со знаење,
друг – со здраво размислување,
трет со непоколеблива трпеливост,
четврт – се одликува – со смирение,
петти – со воздржување,
шести – со благодатна едноставност на срцето,
седмиот – ги надминува другите со својатавеликодушност,
осмиот со милосрдноста,
деветиот – со своите бдеења,
десетиот – со своето молчење и трудољубие.
Затоа монахот што сака своите садови да ги наполни со духовен мед, треба да биде сличен на мудра пчела и да ја зема секоја добродетел од оние, кои најдобро ја усвоиле и ја сместиле во садот на своето срце, без да го свртуваат своето внимание на тоа што го нема кај некого,туку да ја забележат кај секого онаа добродетел, со која тој се одликува и да се трудат токму неа да ја усвојат…
(Св. Антониј Велики)