„Оние, што одеа напред, го искараа да молчи; но тој уште погласно викаше: Сине Давидов, помилуј ме!”
Масата народ била толкава што едни оделе пред Христа, a другите зад Него.
Секако дека слепиот Вартимеј викнал co сиот глас. На тоа укажува реакцијата на присутните кои бараа да молчи дури заканувајќи му се. Очајниот глас на слепиот Вартимеј секако ги надвикувал џагорот и вревата на толпата што одеше co Христа. Ha многумината викањето на Вартимеј им станало здодевно, па беа принудени да го замолчуваат. Но Вартимеј не замолчи.
Тој знаеше дека дојде судбоносниот час за него: или да биде од Христа Чудотворецот исцелен, или пак до смртта да остане покрај патот опколен co доживотната ноќ. Затоа тој не се обѕира на заканите упатени од оние коишто не можат да му дадат ништо повеќе од оние ситни парички, па продолжува да вика кон Оној што може да му даде тоа што само Бог дава.
Исусе, помилуј ме! За жал, вакви сцени и денес се повторуваат безброј пати.
Многумина би сакале да му пријдат на Христа Господа Исуса, но тој приод им го попречуваат оние што одат пред него: народните старешини, духовните водачи и книжниците.
Многу души се жедни за Христа, но се исмејувани и замолчувани. Обично простите и посиромашните луѓе, чие срце не e толку окоравено од злоба и пороци, се мачат да пријдат кон Христа и му се молат, додека пак оние што го изгубија патот и заскитаа во трњакот на овој свет, им се закануваат и ги одвраќаат од Христа.
Тоа што станува co поединците, станува и co цели народи. На пример, обичните луѓе во цела Европа му се обраќаат на Христа како единствениот патеводител и спасител, a тие што ги водат народите им се потсмеваат, ги замолчуваат, a некаде дури и му забрануваат на народот да го изговара тоа свето име.
Тие што тогаш одеа напред – во толпата пред Христа – и го замолчуваа слепиот Вартимеј, беа послепи од него, како што бројните народни старешини и книжници и таканаречените народни просветители во Европа се послепи од европските селани.
Така и денес се исполнуваат зборовите на Христа: оние што не гледаат – видоа, а оние што гледаат – останаа слепи. Ho, погледнете, каков возвишен пример на истрајноста во верата на сите нас ни дава примерот на слепиот Вартимеј!
My се закануваат, но него не му e гајле. Го замолчуваат, но тој уште погласно вика. Што ќе се осврнува на сувите трски, кои се внатрешно слепи како тој надворешно? Неговата жедна душа чувствува дека од Христа тече пopoj од свеж и совршен живот;чувствува дека тој Христос, за кој толку слушал и размислувал, го носи небото на главата, мудроста на јазикот, милоста во срцето, здравјето во рацете.
Што се во споредба co живодавниот Исус сите фарисеи, првосвештеници и книжници, кои се фалат co светско знаење и се препираат за книгите и идеите? Суви трски што празно ѕунат; коски од мртовец што чкрапаат триејќи се една од друга!
Со сето свое знаење, и мудрост, и власт, и суета, тие не можат на слепиот да му дадат ништо повеќе од извалкани и сомнително заслужени ситни пари. Тоа се тие што co закана ја подигаат раката врз него и го замолчуваат, сега кога вистинскиот мудрец и вистинскиот човекољубец и вистинскиот лекар co своите свети нозе го гази правот на патот кој паѓа врз празните очи на Вартимеј.
Дали треба да ги послуша во овој судбоносен миг?
Дали треба да се плаши од ѕунењето на сувата трска и од чкрапањето на мртвите коски? He, никако, Вартимеј! Подобро ќе ти биде да издивнеш од нивните удари, отколку да останеш Kpaj патот зависен од нивните извалкани пари.
He, никако ниту, ти, христијанине! Да не се плашиш од оние што стојат помеѓу тебе и Христа, па дури и ако носат царски круни на главите и железни палки во рацете и сето знаење од овој свет во своите глави.
Во споредба co Христа, сите тие се суви трски и мртовечки коски. Ниту тие самите гледаат ниту пак можат на тебе да ти дадат вид.
Ниту самите имаат живот во себе, ниту пак можат тебе да ти го дадат.
Ниту тие самите нешто знаат, ниту пак можат тебе да те научат. Сета нивна земна сила, и богатството, и мудроста – се ситни грошеви, испросени во овој сетилен свет и од нив ќе ти дадат.
О, христијанине, биди истраен во своето викање кон Христа како што бил слепиот Вартимеј! Викај, викај се погласно, додека не те чуе.
Нека ти се закануваат; нека ти се потсмеваат духовните слепци; нека ѕунат сувите трски; нека чкрапаат мртвите соски – ти биди истраен и викај: Исусе, помилуј ме!
Пренесено од книгата “Омилии”, Недела триесет и прва по Духовден, Евангелие за слепиот Вартимеј (Лука 18, 35-43. Зач. 93)
Подготви М. Даниловска