Свети Василиј Велики вели дека постојат три степени на духовното растење:
Првиот степен е степенот на – роб.
Робот знае дека неговата судбина зависи од господарот на кому што припаѓа, дека овој има право да го бие, да го убие, да го продаде и него и жената и децата, се,
затоа ја извршува волјата Негова.
На духовен план, тоа е христијанинот кој што заради страв од пеколот ја извршува волјата Божја.
Тој сфаќа дека не се исплаќа и илјада години да живее, ама во гревот, а потоа целата бесмртност да биде во вечни маки.
Вториот степен е степенот на – наемник.
Тоа е слободен човек кој што за својата работа прима плата. Работи онолку, колку што му се плаќа.
На духовен, пак, план, тоа е христијанинот кој што сака во рајот да биде на што повисоки нивоа. Не се сите еднакви.
Оној кој е чесен и добар, тој напредува бесконечно, се поблиску и поблиску до Бога , но никогаш не стигнувајќи до Него, зашто Бог е бесконечен. Но, се поблизу и поблизу е.
А, Бог, е секако и наш живот и наше блаженство и се`.
Третиот степен, е степенот на син и ќерка.
Синот ја извршува волјата на отецот, не од страв од казна дека отецот ќе го убие, тој не е роб;
не од желбата Отецот да Му плати, тој не е наемник, туку од желба отецот да биде задоволен.
На духовно поле , тоа е оној христијанин кој што ја извршува волјата Божја од љубов спрема Господа, за Бог да биде задоволен.
Додека првите двајца мислат на себе си , едниот, за да не биде казнет, другиот за да му биде платено, овој мисли на Бога.
Е, тоа е вистинскиот христијанин.
Но, никој не може да дојде на тој степен, додека не ги помине овие претходни два.
Колку долго некој ќе се задржи на одреден степен, зависи од секој човек посебно.`