ЗА СОВЕСТА – Св. Јован Златоуст

„Зошто Бог го поставил во нашите души постојано бодриот и судијата кој не спие – совеста?

Не може да се најде меѓу луѓето судија – толку бодар и буден, како нашата совест.

Наворешните судии и со пари се поткупуваат, и со измама се омекнуваат и од страв се снисходливи, и многу други причини уште има, кои ја изразуваат правдата на нивниот суд – меѓутоа, судот на совеста, на ништо подобно не се покорува:

пари ли ќе почнеш да даваш, ќе измамиш ли,

ќе заплашиш ли, друго ли нешто ќе вршиш – таа ќе ја произнесе својата праведна осуда над гревовната мисла и извршениот грев самиот себе ќе се осуди, макар и никој друг да не го обвинил.

Тоа го прави совеста, не еднаш, не двапати, а многукратно и низ целиот живот – и макар да поминало многу време, таа никогаш не го заборава стореното, но силно нè разобличува и при вршењето на гревот, и до неговото извршување, и по извршувањето!

При самото извршување на гревот, ние сме исполнети од задоволство и не сме така чувствителни, но кога престапот е направен и свршен, тогаш, а особено по исчезнувањето на задоволството, настапува чувството на покајание.

Поради тоа, ве убедувам да ја одбегнувате беззаконата алчност во нејзиниот почеток, ако ли пак ја прифатите, додадете ѝ ги и нејзините семиња во себеси; ако, пак, од невнимателност го допуштиме и тоа – преминатиот во дела грев, да го умртвиме со исповед, со солзи, со самоосудување…“

Претходна статијаТРОЈЦА ПРИЈАТЕЛИ – Само добрите дела го испраќаат човекот до престолот на Бога
Следна статијаКАКО ТРЕБА ДА ГИ ПРАЗНУВАМЕ ПРАВОСЛАВНИТЕ ПРАЗНИЦИ!