ПОЧИНА СЛАВНИОТ ПРОРОК ОД СВЕТА ГОРА: ДВА МЕСЕЦИ ПО МОЈАТА СМРТ, ЗАПОЧНУВА СВЕТСКА ВОЈНА СТРАВ И СТРАДАЊЕ КАКВИ СВЕТОТ СЕ’ УШТЕ НЕ ВИДЕЛ!
На почетокот на декември, материјалниот свет го напушти отец Ефрем, познат монах од Аризона, кој целиот свој живот службувал во американската архиепископија на Цариградската патријаршија.
Православните веруваат дека Ефрем бил обдарен со пророчки дар, а многу од неговите пророштва наводно се исполниле.
Едно од нив било врзано за неговата сопствена смрт, а тоа пророштво со денови е тема на сите светски медиуми.
Ефрем е роден како Јоанис Мораитис на 24 јуни 1928 година во Волос, Грција.
Во седумдесеттите години на минатиот век отпатувал во Америка, каде напорно работел на воспоставување православни манастири, од кои најпознат е манастирот Свети Антониј во Аризона.
Затоа Ефрем честопати го нарекувале „апостол на Америка“.
Имено, Ефрем ја предвидел својата смрт, велејќи дека ќе отиде на небото пред Нова година, што и се случило.
Според овој монах, во моментот на неговата смрт, Атон ќе биде пред раскол,
а два месеци подоцна ќе почне војна, страв, какви светот сè уште не видел!
Две од трите точки на пророштвото се имаат остварено – смртта на отец Ефрем пред Нова година и расколот во Света Гора и воопшто во православниот свет.
Целта на текстов не е да се потврди или негира ова пророштво и секој е слободен да одлучи во што да верува.
Да се потсетиме повторно на зборовите на Исус во Светото Писмо:
„Никој не го знае денот и часот на моето второ доаѓање, освен самиот Отец!“
Но, и покрај скептицизмот, сакаме да го свртиме вниманието на уште еден пример за прозорливост на Ефрем.
Неколку дена по смртта на отец Ефрем, во манастирот Свети Антониј во Аризона, монахот Илија одмарал по напорниот ден.
Таа ноќ, во сон му се јавил веќе упокоениот Ефрем и тогаш му рекол:
„Не грижи се, ќе бидеш со нас наскоро“. Шест дена подоцна, отец Илија се упокоил во Господа.