„…Оние што прашуваат духовни луѓе со цел да ја откријат божествената волја треба да го знаат следново:
Божјата волја не се открива магиски, ниту пак е релативна, зашто не може да се смести во тесните рамки на човечката логика.
Во Својата неизмерна добрина, Бог ѝ снисходи на човечката слабост и му дава на човекот јасно известување.
Но, човекот мора прво да Му верува безусловно а потоа и да се смирува копнеејќи ненаситно по познанието на волјата Божја и ревнувајќи во нејзиното исполнување.
Затоа човекот го прима со вера и благодарност првиот збор на духовниот отец кому му се обратил за совет.
Но доколку овие услови не се исполнети, односно верата, послушанието и смирението не му содејствуваат на човекот – а знак за тоа е кога некој противречи, препрашува или, што е најлошо, бара мислење од други духовници – тогаш Божјата волја се крие од него како сонцето зад облак.
Оваа е чувствителна работа и бара големо внимание.
Ава Марко вели:
‘Човек му дава совет на ближниот по мера на своето знаење; Бог, пак, дејствува во оној што слуша по мера на неговата вера’.
Суштински предуслов во барањето на божествената волја е оној што ја бара да покаже спремност да го прими нејзиното откровение, зашто, како што порано веќе реков, божествената волја, која надминува сѐ, не се содржи на некој магиски начин во какви било положби, места или средства, туку им се открива само на оние што се достојни за ваквото божествено снисходење.“
Старец Јосиф Ватопедски