Свето евангелие според светиот апостол Лука

8:41-56

41. И ете, дојде еден човек, по име Јаир, кој беше управник на синагогата. Па кога падна пред нозете Исусови, Го молеше да појде во домот негов,

42. зашто имаше една единствена ќерка на дванаесет години и таа умираше. А кога одеше Исус, народот се туркаше во Него.

43. И една жена, која страдаше дванаесет години од крвотечение, и сиот свој имот го беше потрошила по лекари, а ниеден не можел да ја излекува,

44. пристапувајќи одзади, се допре до крајот на Неговата облека и наеднаш ? престана крвотечението.

45. И рече Исус: „Кој се допре до Мене?” А кога сите се откажуваа, Му рече Петар и оние што беа со Него: „Учителе, народот Те опколил и Те притиска, а прашуваш: »Кој се допре до Мене?«“

46. Но Исус рече: „Некој се допре до Мене, зашто сетив дека излезе сила од Мене.”

47. Жената, штом виде оти не може да се сокрие, со треперење пристапи, па како падна пред Него, Му кажа пред сиот народ зошто се допрела и дека веднаш оздравела.

48. А Он ? рече: „Не бој се, ќерко, верата твоја те спаси; оди си со мир!”

49. Додека Он уште зборуваше, дојде некој од управникот на синагогата и Му рече: „Ќерка ти умре; не мачи Го учителот!”

50. Но Исус, штом го чу тоа, одговарајќи, му рече: „Не бој се! Само верувај и ќе биде спасена!”

51. А кога пристигна во куќата, никому не му позволи да влезе, освен на Петра, Јована и Јакова, и на таткото и мајката на девојката.

52. Сите плачеа и ридаа по неа. Но Он им рече: „Не плачете, таа не е умрена, туку спие.”

53. И му се потсмеваа, знаејќи дека е умрена.

54. А Он откако ги истера сите, ја фати за рака и извика, велејќи: „Девојко, стани!”

55. И се поврати нејзиниот дух, и се дигна веднаш, и заповеда да  и дадат да јаде.

56. И се зачудија родителите нејзини. А Он им заповеда, никому да не кажуваат за тоа што стана.