КАКО ДА СЕ ПОДГОТВИМЕ ЗА СВЕТАТА ПРИЧЕСТ
Како што не учи Светата црква, Христијанинот, примајќи ја Светата Причест, таинствено се соединува со Христа, бидејќи во секоја честичка на раздробениот агнец се содржи самиот Христос.
Неизмерно е значењето на Светата Тајна Евхаристија, а нејзиното поимање ги надминува можноститс на нашиот разум.
Оваа Света Тајна ја поттикнува во нас Христовата љубов, го вознесува срцето кон Бога, раѓа во него добродетели, ги запира нападите на нечистите сили врз нас,
ни дарува снага против искушенијата, ја оживува душата и телото, ги исцелува, им дава сила, ги враќа доблестите – повторно ја воспоставува во нас онаа чистота на душата, која што ја имал Адам до првородениот грев.
Старецот Партеније Киевски во една прилика, кога го обзело чувство на стравопочит и пламена љубов спрема Господа, долго во себе ја повторувал молитвата:
„Господе Исусе, живеј во мене и дај ми да живеам во тебе“, а тогаш потчул тивок, сладок глас:
„Оној кој што го јаде Телото мое и ја пие Мојата Крв, во Мене пребива и јас во Него“.
Светата Тајна Причест е најделотворниот лек за сите духовни болести. Свети праведен о. Јован Кронштатски за ова вели:
„Ако почувствуваш дека борбата е тешка и дека не можеш сам да излезеш на крај со злото, побрзај кај твојот духовен отец и моли го да те причести со Светите тајни.
Тоа е големо и семоќно оружје во борбата“.
Поради тоа, по обичаите на црквата, Светата Тајна Причест следува по Светата Тајна Покајание и Исповед..
Свети архиепископ Арсеније, пак, пишува:
„Голема работа е да се прима оваа Света Тајна и огромни се плодовите кои таа ги раѓа: Духот Свет го обновува нашето срце, стекнуваме блажено расположение на духот.
И затоа што е тоа голема работа, таа од нас бара грижлива подготовка.
Затоа, ако сакаш да добиеш благодат од Светата Причест – труди се на секој начин да го паправиш своето срце“.
На прашањето, колку често треба да се причестуваме, свети Јован Златоуст одговара:
„Колку почесто – толку подобро“.
Тој, меѓутоа, поставува задолжителен предуслов: на Светата Причест треба да се пристапува со искрено покајание заради сторените гревови и чиста совест.
Во животописот, пак, на преподобниот Макарија Велики, запишани се неговите зборови упатени на една жена која што сурово пропатила како последица на бајачи и гатачки:
„Си се подложила на искушение затоа што веќе пет недели не си се причестила со Светите тајни“.
Исто така, спасоносно е да се причестуваме на својот именден и роденден, а сопружниците треба да се причестуваат на денот на своето венчание.
Исто така, и на денот кој што паѓа на годишнина на смртта и имендените на блиските покојници, зашто со тоа се соединуваат душите на живите со покојниците.
Архиепископот Арсеније пишува:
„Непријателот на човечкиот род веднаш сфати каква одбрана, сила, Господ ни дарува со Светата Тајна Евхаристија (причест, м.з.), па затоа почнал да ги оддалечува Христијаните од Светата Причест со најразлични лукавства..
„Христијанинот секогаш мора да биде спремен за смртта и за Светото Причестување“, говорат духовните отци.
Духовниот живот во светот не е возможен без Светата Причест, зашто нашето тело копнее и слабее кога не му даваме храна.
И душата има потреба за својата небесна храна.
Духовниот живот не е апстрактно богословие, туку реален и неоспорен живот во Христа.
И децата по своето крштевање па се` до седумгодишна возраст можат да се причестуваат многу често, не само секоја недела, туку и секој ден, без претходна исповед и пост, а по таа возраст како и сите останати.
Кога ќе наполнат околу шест години, корисно е децата да се навикнат да се причестуваат на празен стомак.
Денот кога човекот се причестува претставува посебен ден за христијанската душа, кога таа на посебен и таинствен начин се присоединува со Христа.
Причестувај се, зашто не знаеш кога Господ ќе те повика. Биди спремен!!!
(Од „Покајанието – Патот во царството Божјо“ – Старец Филотеј Зервакос)
Подготви:М. Д.