ЗА БРАКОТ (Д -р Радован Биговиќ, професор на Православниот богословски факултет – Белград)

Не постои заедница во која не постои проблем, само прашање е како таа се справува со проблемот. Еден од првите знаци за кризата во бракот е окривувањето на оној другиот за сите проблеми.

Тоа е една многу тешка состојба и укажува на голема опасност, зашто таа личност себе си се смета за невина, за безгрешна.

Исто така добар показател е и незадоволството, замерките, кога се кај другиот им пречи…

Во брачната терапија многу е важна – молитвата. Ниту еден човек не е чудотворец, па ниту психологот, советникот, се` се тоа луѓе од крв и месо и самите со слични проблеми.

Потребно е да се повикаат луѓето на молитва во текот на советувањето и воопшто.

Црквениот брак луѓето го гледаат заради церемонијата како нешто посвечено од општинскиот – тука се круните, се е малку поромантично, помистично… меѓутоа и покрај тоа, не ја чувствуваат суштината – тие и понатаму живеат како да не се венчани.

Нема никој што да им објасни.

Некој збор за оние што сакаат да се разведат:

Кога станува збор за оние кои сакаат да се разведат, никогаш со тоа нека не брзаат, секогаш добро нека подразмислат, дали постои начин да обнови семејството. Не е лошо да се побара стручен совет од психолог, психијатар, искусен пријател, свештеник, итн. зашто за развод, никогаш не е доцна и со него не треба да се брза, особено ако имаат деца…

Треба да се проба се` за една рана, ако е воопшто возможно да се исцели. Како во медицината, добриот доктор ќе направи се` што е возможно за да би се излечила болеста, а ако не може поинаку, следува операција, се ампутира тој орган за да се спаси живот. Меѓuтоа, тоа се прави во крајна нужда, за да се сочува животот.

За трудот да се сочува бракот

Бракот, се`уште за најголемиот број  луѓе е – вредност. Истражувањата покажуваат дека на многу млади луѓе бракот им е нешто многу битно.

Бракот е универзална вредност и сите луѓе сакаат таа институција т.е. света тајна да се сочува ако може.

Бракот подразбира слободна волја и секогаш на ум треба да се има следното – доколку признаеме дека другиот човек е слободен и дека слободата е основно својство на човекот, ќе мораме да ја прифатиме можноста  дека човекот може да се промени и дека тоа може да биде причина за распад на одредена заедница.

Црквата знае за разводот на бракот и за неа тоа не е идеал, туку нешто што таа го трпи и прифаќа како нужно зло, токму имајќи ги во вид различните околности кои што можат да доведат до растурање на бракот.

Христијаните треба да сфатат дека се` што е човечко е минливо и дека љубовта треба од Бога да се црпи и постојано да се обновува, постојано да има борба за неа, секој ден да се сфати како нов, како прилика секој нов ден да се однесуваме еден спрема друг исто како првите денови , кога постоеше труд…

Никогаш да не се помисли дека оној другиот е наша лична сопственост и дека нема потреба повеќе да се вложува труд.

Тој труд на некој начин не принудува на постојано излегување од себе си, на постојана борба и давање на другиот, отвореност спрема него – од почетокот до крајот на животот.

Преведе Мина Даниловска

Претходна статијаГревот – објава на војна со Бога!
Следна статијаЉУБОВТА Е ОД МОЛИТВАТА!