МОЛЕТЕ СЕ ЕДЕН ЗА ДРУГ…

„Ако не си мрзлив во усрдната молитва за другите, по нивна молба или сам или заедно со нив, ќе добиеш милост од Бог – благодат Божја во срцето, која ќе ти причинува задоволство и ќе те укрепува во верата и љубовта кон Бог и кон ближните.

Ова се вистински зборови, засновани на опит.

Ние, вообичаено, не толку волно туку повеќе принудно, или по навика, се молиме за другите, без целосно учество на срцето; треба да се принудуваме себеси да се молиме од сето срце, со голема вера, и голема смелост, за да ја добиме великата и богата милост од милостивиот и кон доброчинства неизмерно наклонет Бог.

Но, да се молиме со вера и никако да не се сомневаме; оти оној, кој се сомнева, прилега на морски талас, кого ветрот го издига и растура (Јаков 1, 6).

На Господ, Кој ни е заеднички Отец, мило Му е кога усрдно, со вера и љубов се молиме едни за други, оти Он е Љубов, подготвена да дарува милост на сите поради заемната љубов.

Светиот Дух рече: Молете се еден за друг, за да се исцелите (Јаков 5, 16).

Гледаш ли колку е угодна на Бог и колку е делотворна молитвата едни за други.

Свети Јован Кронштадски

Претходна статијаПодвиг без пот?! Свети Макариј Велики
Следна статијаГревот – објава на војна со Бога!