Само оние што Го љубат само Единиот Бог и оние што се откажале од секаква светска љубов ќе бидат во состојба да го извршат подвигот докрај.
Но сосем е мал бројот на луѓето што имаат таква љубов кон Бога, кои се откажале од сите светски желби и задоволства и кои можеле смело да ги поднесат сите искушенија и напади на лукавиот.
Голем е бројот на оние што сакаат да се удостојат со Небесното Царство без напори и подвизи и без пролевање пот, што не е можно.
Затоа треба да Го возљубиме Господа и со сите сили да се трудиме да напредуваме во добродетелите, неуморно и непрестајно да се молиме во потполност и совршено да го примиме Неговиот Дух според ветувањето, за да се оживотворат нашите души уште додека сме на земјата, во телото.
Зашто, ако душата уште во овој живот не Го прими Светиот Дух, заради нејзината вера и молитва, ако не стане причесник на Божествената природа, исполнувајќи се со благодатта на Светиот Дух, со чија помош непорочно и чисто ќе ја извршува секоја заповед, таа не може да биде погодна за Небесното Царство…“
Свети Макариј Велики