ЗА ОТЕЦ АГАТОН И СМИРЕНИЕТО

Меѓу многубројните големи монаси, прочуени египетски подвижници, припаѓаше и отец Агатон. Тој особено се одликуваше со смирение и трпение.

Во една прилика, во посета му дојдоа неколкумина браќа за да дознаат дали тој навистина е смирен и трпелив како што за него другите говореа.

Заради тоа го подвргнаа на искушување вака:

Отец Агатон, ние слушнавме дека ти си бил горд, достоинствен, дека ги презираш другите и дека си блудник?

Така е, за жал, рече Агатон.

Браќата:

Слушнавме и дека со задоволство ги озборуваш другите?

Агатон:

„ Ги признавам за себе сите тие гревови и не можам со ништо да се оправдам.“

Додека ги изговараше овие зборови тој ничкум падна пред нозете нивни со овие зборови:

„Ве молам браќа мои, молете Му се на Господа Исуса Христа за мене обременетиот со неброени гревови, за преблагиот Господ да ми прости.

Браќата: Отец, Агатоне, чувме дека си бил еретик.

Агатон живнувајќи:

„Тоа , не . Јас не сум еретик. Тој грев многу му е одвратен на мојата душа“.

Тогаш браќата му се поклонија до земја и рекоа:

Отец, те молиме да ни кажеш, зошто ти ниту малку не се збуни и не се вознемири за оние страшни пороци и гревови, а при зборот „еретик“ целиот се вознемири и го одби тоа од себе?

Агатон:

Првите обвинувања дека сум грешен ги примив за да се смирувам себе си, а воедно, за вие да имате мислење за мене како за грешник.

Меѓутоа, обвинувањето дека сум еретик, не можев да го примам, пред се`, зашто ереста претставува – отуѓување од Бога.

Еретикот се одлачува од живиот и вистинскиот Бог и се става во друштво на ѓаволот.

А јас , никако не сакам да бидам одлачен од Господ мој.

Претходна статијаЖитие: Свети Силуан Атонски (Од Православниот календар за 24.09.2019)
Следна статијаНЕМОЈТЕ ДА МИСЛИТЕ ДЕКА СТЕ УМРЕЛЕ ЗА ГРЕВОТ…!