ЗА БРАКОТ …
„…Трпеливоста се придвижува со љубов. За да бидеш трпелив кон другиот, треба да чувствуваш болка заради него.
А гледам како со трпението се спасува и семејството.
Видов како ѕверови станаа јагниња. Со надеж во Бог сѐ се развива како што треба и на духовна полза. Еднаш, кога бев во манастирот во Стомија, видов во Коница една жена чиешто лице светеше.
Беше мајка на пет деца. Подоцна се сетив која е таа. Мажот ѝ беше столар и често работеше со мојот мајстор.
Но, кога купувачите би му кажеле само еден збор, на пример „Мајстор Јанис, зар не би можеле ова да го направиме вака?“, тој се претвораше во ѕвер.
„Ти мене ќе ме учиш?“, им кажуваше тој.
Го кршеше алатот, го фрлаше, си заминуваше. Ја оставаше работата, ги кршеше работите по туѓите куќи, а можеш да замислиш што правеше во својата куќа!
Таа жена, за која зборувам, беше жена на мајстор Јанис. Со тој човек не можеше да се помине еден единствен ден, а таа, сиротата, со години живееше со него.
Секој ден преживуваше мачеништво, но таа со тоа се соочуваше со многу добрина и трпение.
Бидејќи знев како е во нејзината куќа, кога ќе ја сретнев, ја прашував:
„Што прави мајстор Јанис? Има ли работа?“
„Е, некогаш има, а некогаш малку чека!“
„Како се снаоѓате?“
„Добро, отец!“, кажуваше таа.
И тоа го кажуваше од срце. Не го земаше на срце тоа што тој го кршете алатот – а беше скап – ниту пак тоа што беше принудена, сиротата, да работи по туѓи куќи за да состават крај со крај.
Гледате ли со колку трпение и со колку добрина се носеше таа со тоа!
Воопшто не го осудуваше! Заради тоа Бог ја обдари со благодат, така што лицето ѝ светеше.
Ги подигна своите пет деца и тие станаа многу добри момчиња. Успеа и децата да ги задржи покрај себе….
Старец Паисиј Светогорец