НЕЗНАЕЊЕ НАД ЗНАЕЊЕТО
ниту е мислење, бидејќи тие не доаѓаат до видението преку размислување или преку познание, туку со прекинување на сите умствени активности.
Затоа тоа не е резултат ниту на имагинација ниту на размисла; тоа не е ниту мнение ниту заклучок до кој се доаѓа со силогистички аргументи.
Од друга страна, умот не го достигнува видението со едноставно издигање преку одрекување.
Зашто, согласно со учењето на отците, секоја Божја благодат и секој свет закон за своја крајна цел ја има чистотата на срцето;
секој начин на молитва и секој нејзин аспект ја достигнува својата крајна точка во чистата молитва;
и секоја мисла која одоздола се издига кон Оној Кој е поставен над сè и Кој е одвоен од сè, застанува одвоена од сè што е создадено.
Меѓутоа, погрешно е да се каже дека, со исполнувањето на Божјите заповеди, не останува ништо друго освен чистотата на срцето.
Има други нешта, и тоа многу:
тука е залогот за нештата ветени во овој живот, а исто така и благословите за идниот живот, видливи и достапни преку таа чистота на срцето.
Така, после молитвата постои неискажливо видение, и екстаза во видението, и скриени таинства.
Слично, по одвојувањето од постојните нешта или, поточно, по престанокот ( на набљудувањето или на размислувањето за нив), извршено не само со зборови, туку и со дела, останува незнаење кое е над знаењето; иако, навистина нејасно, тоа е над светлината и, како што вели големиот Дионисиј, во тоа блескаво незнаење божествените нешта им се даваат на светиите……
Како што вели големиот Дионисиј:
„ Таквото заедништво на оние кои се обоготворени со светлината што доаѓа од висините, настанува како резултат на престанокот на сите умствени активности…..
Затоа отците, следејќи го големиот Дионисиј, оваа состојба ја нарекле „духовно чувство“, израз коj на одреден начин е појасен и посоодветен на тоа мистично и неискажливо видение.
Зашто тогаш човекот навистина не гледа ниту со разумот ниту телесно, туку преку Духот, и знае дека натприродно гледа светлина што е над светлината.
Но, во тој момент тој не знае со кој орган ја гледа таа светлина, ниту може да ја испита нејзината природа, зашто Духот, преку кој тој гледа, е недофатлив.
Затоа Павле, кога слушнал неискажливи зборови и видел невидливи нешта, рекол:
„ Jaс не знам дали гледам со телото или без телото.“
Со други зборови, тој не знаел дали гледа неговиот ум или неговото тело.“
(Свети Григориј Палама)