Преподобен авва Исаиј

„Многу се, знаците што ги направил нашиот Господ Исус Христос.

Но ние треба да знаеме дека секој од овие знаци, освен своето буквално значење, има и друго – преносно значење.

Тоа што слепите ќе прогледаат, значи:

слеп е оној што ја полага својата надеж на овој свет;
а ако, напуштајќи го, својот поглед го впери во надежта што ја очекува, тогаш тој навистина го презрел овој свет и прогледал.

Исто така, зборовите:

„хроми проодуваат“ значат, дека оној што Го љуби Бога, а во исто време ги љуби и телесните мудрувања на срцето, тој е хром; но ако ги остави телесните мудрувања и Го возљуби Бога со сето свое срце, тој престанува да биде хром и оди право.

Зборовите, пак, „глуви прослушуваат“ значат;
оној што е во состојба на расеаност – тој е глув, поради тоа што е заробен од надворешните работи и што е должен да не го заборава она што е потребно;

па ако се ослободи од тоа ропство, тој ќе почне да слуша.

А зборовите „лепрозните се очистуваат“ значат
дека не треба, според она што е запишано во старозаветниот Закон, да влезе нечист во Господовиот дом, односно оној што го мрази својот ближен, што му завидува или што го осудува и оној што ќе се ослободи од тие гревови, тој ќе биде чист.

Па така, когa ќе прогледа слепиот, кога хромиот ќе почне да оди, кога ќе прослуша глувиот, кога ќе се очисти лепрозниот, тогаш оној човек што бил мртов и со недостатоци додека бил далеку од својот Спасител, се обновува и се преродува, тогаш почнува да благовестува со она што станало со него – што прогледал, што проодил, што прослушал и што се очистил…’

Претходна статијаДа се плашиме од неправилно водење на војната со него (демонот).
Следна статијаСмиреноумието е безимена благодат на душата – – Свети Јован Лествичник – Лествица