Знаеш ли, дете мое

 

Знаеш ли дете мое, зошто облаците се затвораат тогаш кога полињата се жедни за дожд, а се отвораат тогаш, кога полињата дожд не сакаат?

-Од злосторствата на луѓето природата се збуни и редот свој го напушти.

Знаеш ли, дете мое, зошто нивите тежок плод во пролет понесуваат, а јалова жетва во лето ни принесуваат?

-Затоа што и керките го омрзнаа плодот во утробите свои и во цветот нивни го убиваат !

Знаеш ли, дете мое, зошто изворите пресушуваат и плодовите земни сласт повеќе немаат каков што имаа?

– Заради гревот човечки од кој немоќта во целата природа се всели.

Знаеш ли, дете мое, зошто порази трпи победоносниот народ од неслогата своја и од раздорот и јаде леб со солзи и со пакост загорчен?

– Затоа што ги победи крвниците околу себе, но, во себе не ги победи !

Знаеш ли, дете мое зошто мајката ги храни и не може да ги нахрани децата свои?

– Зашто доејќи ги не им пее песна љубовна , туку песна со омраза спрема соседот свој.

Знаеш ли, дете мое, зошто луѓето грди станаа и ја изгубија убавината на предците свои?

– Зашто образот Божји го отфрлија, одвнатре од душата убавината на ликот што ја отсликува и зашто земен образ си облекоа.

-Знаеш ли, дете мое, зошто болестите се намножија и поморите страшни?

– Зашто луѓето почнаа да мислат, дека здравјето е грабнато од природата, а не дар од Бога.

А што со мака се грабнува, со двојна мака да се брани мора.

Знаеш ли, дете мое, зошто луѓето за земја војуваат и не се срамат на равенството свое со кртиците?

– Зашто земјата им прирасна на срце, та очите гледаат само ОНА што во срцето расне. И затоа, дете мое, премногу гревот ги изнемошти за подвиг и борба за небото.

Не плачи, дете мое, наскоро Бог ќе дојде за да уреди се`!

Свет Владика Николај Велимировиќ

Преведе: М. Даниловска

Претходна статијаЗА ДВИГОТ НА ДУШИТЕ – Св. Макриј Велики
Следна статијаСамо чувај те го својот јазик! (С. Сампсон)