ПОСЛУШАНИЕТО Е НАД ПОСТОТ И МОЛИТВАТА

„Разумот не се смирува од знаења, дури и од духовни.
Напротив, немајќи основа во вид на послушание тој е наклонет кон славољубие и се гордее со знаењата, и често почнува да личи на змија која и нектарот од цвеќињата го претвора во пекол.“

Светите Отци учеле дека „благодатта се враќа по оној пат низ кој го напуштила човекот“.

Сите сме паднале во Адам преку неговото непослушание кон Бог, па затоа основата на нашите гревови е нашата непослушна волја.

Таа може да биде исцелена само со послушание:

послушание кон Црквата, хиерархијата, духовните раководители; во нив ние го покажуваме послушанието кон Христос.

Послушанието го раѓа смирението.

Смирението ѝ ја дава можноста на благодатта да делува во човековата душа и тогаш човекот гледа во каква страшна опасност се наоѓа, какви отровни змии се вгнездуваат во неговото срце, какви страсти, налик на чудовишта се кријат таму: еден пустиник велел дека го гледал станата кој седел во неговото срце како на трон.

Меѓутоа, благодатта не само што ни го покажува нашиот грев, туку таа и го врзува.

Подвижниците безусловно тврделе дека човекот не е во состојба да го победи гревот со сопствени сили, како што детето не е во состојба да го совлада џинот, туку дека гревот може да биде победен само со Божјата благодат.

Светите Отци учеле:

„Послушанието е над постот и молитвата“.

Ќе си дозволиме да кажеме дека послушанието е над самата љубов, бидејќи таа без послушанието е само душевно чувство – љубовта без смирение е глас на скриените страсти.

Послушанието го раѓа смирението, смирението – покајанието, а покајанието – љубовта, но не онаа љубов, која може емоционално да се доживее или изобрази, туку проникнувањето на духот, кој ја созерцува убавината на Божјиот образ во секој човек.“

Архимандрит Рафаил Карелин

Претходна статијаПрепреките самите си ги поставуваме со непростување.
Следна статијаЗА МАЈКАТА БОЖЈА – Свети Силуан Атонски