ЗА ЧИСТИТЕ Е СЕ` ЧИСТО – Старец Паисиј
Старче, како во денешново општество може да се живее правилно, христијански, а да не се соблазнуваме од луѓето што живеат далеку од Бог?
– Зошто би требало да се соблазнуваме од луѓето кои не се во Божја близина?
Кога некој така би живеел во семејство и би имал уште пет-шест браќа и кога двајца-тројца би ги одвлекол сатаната и кога би живееле грешен живот, дали нивниот грешен живот би го соблазнувал?
– Не, туку би страдал заради нив, бидејќи му се браќа.
– Е, гледаш, злото се наоѓа во нас. Немаме љубов и затоа останатите луѓе не ги доживуваме како браќа, туку се соблазнуваме од нив.
Сите сме едно големо семејство и браќа меѓусебно, бидејќи сите луѓе се деца Божја.
Ако навистина мислиме дека сме меѓусебно браќа, тогаш ќе страдаме за оние кои живеат во грев и нема да се соблазнуваме од нивниот живот, туку ќе се молиме за нив.
Доколку се соблазнуваме значи дека злото не е надвор од нас, туку во нас.
Кога ќе се соблазниме треба да си речеме: „Колку луѓе јас соблазнив?
Како Бог ќе ме трпи мене кога јас не го трпам својот брат?“
Помислете на Бог и на ангелите кои ги гледаат сите луѓе на земјата: едните да крадат, другите да се караат…
Тие го трпат севкупното зло на земјата, а ние не можеме да го истрпиме својот брат!
Тоа е страшно…