Св. Нектариј Егински

Милостивиот не ги затвора ушите пред молбите на сиромашните, туку ита да им помогне. Кога му дава на оној што е во неволја, дава со љубов и сострадание, и кога му подава на сиромашниот, лицето му е ведро, зашто срцето му се радува заради милостината, оти му помогнал на ближниот.

И милостивиот е возљубен од Бога и и се спасува во денот на опасност, зашто Бог го љуби оној што со радост дава. Милостивиот дава милостина тајно бидејќи срцето му е водено од љубовта кон ближниот а не од желбата за слава.

Тој не се радува на раскошот и уживањата, туку на своето доборотворство. Зашто тој живее за љубов кон ближниот и својата љубов кон Бога ја исповеда преку љубовта кон ближниот.

Милостивиот го прима оној во тага, не ги одвраќа очите од оној во неволја,ниту лицето го врти од сиромашните, не се гнаси да му подаде рака на братот кој бара.

На гладниот му го дава лебот свој,  ги напојува жедните, ги покрива сиромасите, ги облекува голите, им помага на страдалниците, ги посетува затворениците и нагостува тугинците. Раздава штедро, надевајќи се во Господа и така на небото стекнува богатство.

Милостивиот како плодна маслина во домот Божји, никогаш не останува без надеж во Бога, туку таа секогаш му цути па наликува на вечно расцветано дрво и ревнувајќи за неговата многуплодност, тој на сите и во секое време им дарува изобилна милостина.

Блажен е милостивиот зашто ќе биде наследник на Царството, приготвено од почетокот на светот.

На милостивите Господ им вели:

„Дојдете, вие благословени од мојот Отец, наследете го царството кое ви е приготвено од почетокот на светот;

зашто гладен бев и Ми дадовте да јадам,

жеден бев и Ме напоивте,

странец бев и Ме примивте,

необлечен бев и Ме облековте,

болен бев и Ме посетивте, во затвор бев и Ми дојдовте “(Мт 25, 34)

Св. Нектариј Егински

Претходна статијаМилосрдието покрива мноштво гревови! (Сирах Премудриот)
Следна статијаМајките умеат да советуваат, но, не научиле да се молат!