Колку човекот е подуховен, толку помалку права има во овој живот.

Човечката правда не му значи ништо на духовниот човек, но духовно расипаниот човек многу се грижи за неа.

Христос гледа на степенот на неправедност што ја претрпува секој човек, и на степенот на неговата жртва, со цел да му се даде соодветна награда.

Но, некои луѓе сакаат сами, наместо Христос, да ги пресметаат своите заслуги…

Настроението „имам право“, денес, е видливо кај сите млади. Тие во себе го негуваат ова „имам право“, поседуваат световен дух, духовно необјаснива логика за човечка правда – во однос на сѐ.

Оваа човечка правда, која започна со европскиот дух, проникна дури и во монаштвото…

Знаете, забележав дека многу духовни луѓе негуваат во себе световно мудрување.

Тие си создале свое сопствено „евангелие“ – скроено по нивна мерка.

Христијаните – велат ваквите луѓе – се должни да имаат чувство за сопственото достоинство, тој не смее да биде понижен.

Јас имам право на тоа! – говори таквиот човек.

И при таа помисла се успокојува со тоа дека тој е во право.
Во таквиот човек се забележливи сите пројави на световната правда.

Во него нема љубов, ниту пожртвуваност – во него нема ништо.

Тој си создал свое сопствено „евангелие“.

– Преподобен Паисиј Светогорец

 

Претходна статијаВо срцето на човекот постои и зло и добро…(Свети Исаак Сирин)
Следна статијаНемој да губиш надеж кога во бракот ќе наидеш на потешкотии!