Митрополит Антоније Блум
ДА СЕ НАУЧИМЕ НА МОЛИТВАТА ДА БИДЕМЕ СЕКОГАШ ДО КРАЈ ИСКРЕНИ ВО МОЛИТВАТА
Ако суштината на молитвата е општењето на човекот со Бога , т.е. комуникацијата слична на онаа која што се случува меѓу двајца луѓе, тогаш се подразбира дека помеѓу Бога и човекот мора да постои вистинско, длабоко разбирање и сродство.
Христос во Евангелието говори:
„Не секој што ми вели : Господи, Господи, ќе влезе во Царството Небесно, а оној што ја исполнува волјата на мојот отец небесен“ (Мт.7,21).
Ова значи дека не е доволно човекот да се моли, туку освен молитвените зборови треба да живее и со живот кој би бил израз на оваа молитва , кој оваа молитва би ја оправдало.
Еден древен писател вели: Не ја сведувај молитвата само на зборови : направи целиот твој живот да биде служење на Бог и на луѓето… И тогаш, ако се молиме живеејќи со ваков живот , нашата молитва ќе прозвучува вистински.
Поинаку, таа ќе биде потополна лага, поинаку таа ќе биде изразување на мисли и чувства кои што не постојат во нас, кои што од некого сме ги превзеле, зашто само ни се чини дека со Бога треба така да се разговара.
А на Господа му е потребна вистината : вистината на умот наш, вистината на срцето наше и секако, вистината на нашиот живот.
Каква е всушност ползата ако комуникацијата (дијалогот) не е до крај искрена?
А вистината настапува во оној миг кога ние стоејќи пред Бога , си го поставуваме себе си прашањето:
„Кој сум јас пред Лицето на Он лице в`лице , дали моето срце копнее по Него?
Дали е умот мој отворен?
„Што ми е заедничко мене со Оној кому се обраќам ?“
И ако откриеме дека немаме ништо заедничко меѓу нас, или има премалку , тогаш и молитвата обавезно ќе биде или невистинска или слаба и немоќна и нема да го изразува човекот.
Инсистирам на тоа, зашто тоа е важна особина на молитвата: мораме да бидеме искрени до крај.
Тогаш се појавува прашањето со какви зборови треба да се молиме.
Зашто, на пример во во црквата сите се молат со туѓи зборови, односно со зборовите на Светите, зборови кои што настанале низ вековите и поколенијата?
Може ли со вакви зборови да се молиме вистински?
Да, може!
Само за да биде вистинска оваа молитва потребно е со овие кои со векови пред нас се молеле со сета душа своја, со сиот ум свој , со сета сила своја со сиот вапај на на душата своја да се подели искуството на богоспознанието и искуството на животот на луѓето од каде што се изродиле овие молитви.
Светиите не ги измислувале молитвите. Молитвите се раѓале во нив како потреба:
од радоста, или од несреќите, или од покајанието, или од тагата заради напуштеноста, или едноставно затоа што се и тие праведни, вистински луѓе – и затоа што опасноста пред која што се наоѓале ги предизвикала токму овие молитви , ги искорнале од душите.
И доколку сакаме да се молиме со овие зборови мораме да сочувствуваме со нивните чувства и искуства.
Како да го правиме ова?
Можеме ли да се пренесиме наназад низ вековите?
Не, не можеме , но постои некаде во нас едно основно човечко искуство кое што не соединува со нив.
Ние сме луѓе како што и тие биле и ние го бараме Бога , Истиот Оној, Кого што и тие го барале, Кого што тие го пронашле. Борбата која што во нас се одвива е истата онаа борба која што ги корнела и нивните души.
Значи, можеме од нив да научиме да се молиме на ист начин како што во целосно поинакви области го прошируваме своето знаење , го продлабочуваме, учествуваме во искуството кое поинаку нам би ни било недостижно – како кога со внимание слушаме музички дела на големите мајстори , како кога се загледуваме во сликите на големите мајстори.
Тие живееле со ист живот како и ние, само што тие го чувствувале во неговата префинетост и длабочина кои што нам не си се секогаш достапни, а преку нивните дела ние соучествуваме во нивните сфаќања, кои што инаку не би можеле да ги сфатиме.
Токму затоа, потребно е да ги соединиме животот и молитвата, да ги слиеме во едно, за животот да ни даде храна за молитва и од друга страна, животот да ни биде израз за вистинитоста на нашата молитва.
Преведе Мина Даниловска
http://www.svetosavlje.org/bibli…/Knjige/Molitva/molitva.htm