Да ви го даде Бог на сите духот на покајанието! Плачете за вашите согрешенија, плачете за да не се исуши вашето срце!
Најосновна работа е секогаш да го имаме познанието за нашата несовршеност пред Бога.
Тогаш влегуваме во постојана напрегнатост помеѓу самоукорувањето и љубовта Христова, помеѓу покајанието и надежта во милоста Божја.
Од една страна, живееме во страдание, зашто сме толку далеку од Бога Кого Го љубиме. Од друга страна пак, ова страдание и оваа љубов дејствуваат како внатрешен оган и силно нѐ придвижуваат кон Бога.
Оваа напрегнатост го најде својот најостар израз во Словото Христово кај Старец Силуан:
“Држи го својот ум во пеколот и не очајувај!”
Ова слово може да предизвика страв, ужас и паника, но не треба да нѐ скрши. Тоа е основно начело на нашиот, во Христа живот.