ПОЛЗА ОД ДЕЛОТО НА МИЛОСРДИЕТО

Според учењето на Светото Писмо и на светите христијански отци, милосрдието му донесува многу добрини на оној кој го прави.

Прво очистува од гревот. Со милосрдност и правда гревот се очистува (Изрек 16,6).

Нема грев што милостињата не би можела да го очисти.

Водата по својата природа не ја пере нечистотијата на телото онака, како што милостињата со својата сила ја измива нечистотијата на душата, вели Свети Јован Златоуст.

Второ, избавува од пеколниот оган

,,Водата гасне оган што гори, а милостињата чисти од гревови”
(Муд. Сир. 3,30).

,,Откупи ги гревовите свои со правда, и беззаконијата твои – со милосрдие кон бедните” (Дан 4,24).

Милостињата е откуп за душата, учи Свети Јован Златоуст.

Трето избавува од суд. На Божјиот суд ќе молчиш, а миlостињата заштитува; или подобро, кога ти молчиш, илјадници усти говорат за тебе, нè уверува Свети Јован Златоуст.

Четврто, го купува небото и одведува во него.

Според учењето на Светите отци, посебно на Златоуст, сиромашните кои просат милостиња всушност го продаваат небото.

А по која цена тоа се продава?

Бидејќи сакаш: цената не ја одредувам, за да не се повикуваш на сиромаштијата.

Колку при себе имаш пари, за толку да купиш. Имаш ли најситна монета (пара)?

Купи го небото, не затоа што небото е ефтино, туку затоа што Господ е човекољубив.

Дај го малото, земи нетрулежно.

Слепиот кому му е укажано сострадание, можеби раководи во царството небесно; оној кој налетува на ѕидови и паѓа во дупки, станува патеводител во искачувањето на небо.

Милостињата е скала која води до небо.

Петто, повеќе од сè приближува и уподобува на Бога.

Ништо не може срцето така да го приближи кон Бога, како милостињата која се дава великодушно со насмевка и радост на лицето и не го одвојува богатиот од сиромавиот, бидејќи и Господ Исус Христос не ги одвојувал достојните од недостојните.

Со милостињата во душата се оцртува онаа света и првобитна убавина со која човекот се уподобува на Бога, учи Свети Исак Сирин.

Милосрдниот човек си прави добро на душата своја…

Блажен е оној што е милосрден кон сиромасите (Изрек. 11, 17; 14, 21)

,,Кој ја пази правдата и милоста, ќе најде живот, правда и слава (Изрек. 21, 21)

 

Претходна статијаНабљудувајте го срцето, барем на кратко…(Свети Јован Шангајски)
Следна статијаНe вeли никoгаш: “Ми дoсадија oвиe прoсјаци!”