„Со што ќе ѝ возвратам на Пресветата Владичица за тоа што не се згнаси од мене заради гревовите, туку милостиво ме посети и ме вразуми?
Јас не Ја видов Неа, но Светиот Дух ми даде да ја познаам преку Нејзините зборови исполнети со благодат.
И се радува мојот дух, и копнее душата моја по Неа со љубов, така што и самото призивање на Нејзиното Име, му е слатко на срцето.
…
О, кога би знаеле колку Пресветата ги љуби сите што ги чуваат Христовите заповеди, и колку тагува и жали заради оние што не се поправаат.
Јас го искусив тоа на себеси.
Не лажам, зборувам пред лицето на Бога, Кого Го знае душата моја:
со духот ја знам Пречистата Дева.
Јас не Ја видов Неа, но Светиот Дух ми даде да Ја познаам Неа и Нејзината љубов спрема нас.
Да не постои Нејзиното милосрдие, јас одамна ќе загинев. Но Таа посака да ме посети и да ме вразуми за да не грешам.
Таа ми рече: “Мене не ми е убаво да го гледам тоа што го правиш“.
И Нејзините зборови се пријатни, тивки, кротки, и делуваат на душата. Изминаа повеќе од четириесет години, но мојата душа не може да ги заборави тие слатки зборови.
И не знам со што ќе возвратам јас грешниот за толкавата љубов спрема мене нечистиот.
И како ќе Ѝ благодарам на Благата, Милостива Мајка Господова.“
Св. Силуан Атонски