Држи ги нештата на соодветно растојание, само душата приближувај ја што е можно поблиску до Бога.

Ако истуриш вода врз огнот, нема да имаш ниту вода ниту оган.

Ако посакаш туѓо, ќе го замразиш своето, и двете ќе ги изгубиш.

Ако на слугинката и се приближиш како на жена си, нема да имаш ниту слукинка ниту жена.

Ако често пиеш во има на туѓото здравје, ќе го загубиш своето.

Ако непрестајно ги броиш туѓите пари, се помалку ќе имаш свои. Ако постојано ги броиш туѓите гревови, ќе се намножат твоите гревови.

Ако ја бркаш и фатиш лисицата, ќе ја вратиш кокошката, но ако ја бркаш и фатиш мечката, нема да се врати ниту кошницата ниту ти.

Направи, па заборави…

Не ги забележувај своите добри дела, бидејќи ако ги забележуваш ќе избледат; ако пак ги заборавиш. Ќе ги впишеш во вечноста.

Не бележи ги злите дела на твојот сосед, бидејќи ако ги бележиш, пола тежина од тие зли дека ќе падне врз тебе.

Ака пак ги предадеш на заборавот, и Бог ќе ги заборави твоите зли дела.

В. Николај

Подготви А. И.
МПЦ ОА

Претходна статијаДобра и зла волја!
Следна статијаСо што ќе ѝ возвратам на Пресветата Владичица Богородица!?