KОЈ ЌЕ ГО СМИЛОСТИВИ ЗА ТЕБЕ БОГ?

„Значи, дете мое, држи го цврсто оружјето коешто го прими и силно бори се, неустрашно, затегнувајќи ги стрелите право кон непријателот, кон една цел стреми се и куршумот испраќајќи го кон тоа да не не го послушаш твојот Старец, зашто разжалостувајќи Го Бог, имаш застапник во Старецот, за да Го смилостиви Бог за тебе.

А ако пак Старецот го ожалостиш, кој ќе Го смилостиви Бог за тебе?

Труди се, колку што можеш повеќе да го олесниш бремето на твојот Старец, за да имаш и ти олеснување и трпение во твоите маки.

Бидејќи преку мој личен опит осознав колкави се одговорноста, тежината и страданијата што ги поднесува Старецот додека да ѝ го врати достоинството на душата и додека ја воведе во рајот, особено, ако душата има крута природа.

Старецот, за секоја преземена душа си додава на вратот уште еден претежок синџир, така што му се потребни многу молитви за да му се олесни тежината.

Треба да поседува многу љубов, вистинска, а непослушанието и противречењето само ги зголемуваат алките на синџирот.
….
Ми пишуваш чедо мое, за твојата помисла насочена против твојот Старец.

Од неа да се плашиш и да ја одбегнуваш како змија отровница. Бидејќи има страшна сила во нашево поколение.

Таа е техниката на лукавиот!

Тој ти носи помисли против Старецот, за да те оттргне од благодатта којашто те штити, за да згрешиш, а потоа немилосрдно да те камшикува.

Значи зачувај го моето слово и не дозволувај да се вгнезди во твоето срце каква било помисла против твојот духовен Отец.

Веднаш да ја отфрлиш како да е змија отровна и смртоносна.“

Старец Јосиф Спилеот

Претходна статијаНа таквите души Бог им порадува кроткост и смирение – Свети Симеон Нов Богослов
Следна статијаБЛАГОДAРСТВЕНИ М0ЛИТВИ ПО ПРИЧЕСТ!