„Кога некој ќе умре и побараат од нас да се помолиме за него, дали е добро, старче, секој ден, сѐ до четириесетиот ден, да измолиме цела бројаница за него?

Ако измолиш цела бројаница за него, моли се воедно и за сите упокоени.

Зошто цела возна композиција да оди на своето одредиште со еден патник, кога може да собере и многу други?

На толкуте упокоени, сироти, тоа им е неопходно и бараат помош, но немаат никој да се моли за нив!

Некои луѓе често прават помени само за некој свој.

А на тој начин не му помагаат ни на својот упокоен, бидејќи нивната молитва не Му е толку угодна на Бог.

Бидејќи направиле толку помени за него, нека направат истовремено помен и за непознати упокоени…“

Претходна статијаБарањето човечка правда…?!
Следна статијаОние што безгрижно се надеваат на надворешните работи ќе се отрезнат со тага и несреќи?!