„Зашто нема да станат (воскреснат) безбожниците на судот, ниту грешниците во советот на праведните (Пс. 1, 5).
Безбожниците не учествуваат во првото воскресение (Отк. 20), коешто Свети Јован го опишал во Откровението, во духовното воскресение што се совршува во текот на овоземниот живот, кога седејствувачкиот Дух се допира до душата и ја обновува за нов живот.
Душата воскреснува и оживува за божествен живот!
Умот и срцето ѝ се просветлуваат, стануваат причесници на духовниот разум. Духовниот разум – како што го опишуваат духоносците – е чувствување на бесмртниот живот.
Самиот тој разум е обележје на воскресението.
Напротив, телесното мудрување е невидлива смрт за душата.
Духовниот разум е дејство на Светиот Дух. Тој го гледа гревот, ги гледа страстите во себе и во другите, ја гледа својата душа и душата на другите, ги гледа замките на кнезот на овој свет, ја соборува секоја помисла што налетува на разумот Христов, го отфрла гревот од себе, во каков било облик да се приближува:
зашто духовниот разум е Царство, светлина на Светиот Дух во умот и во срцето.
Нема да воскреснат безбожниците за духовно расудување!
Тоа расудување е совет само на праведните, тоа што само ним им припаѓа.“
Свети Игнатиј Брјанчанинов