А ДЕКА СО НАШИТЕ ДЕЛА НЕ УПРАВУВААТ СУДБИНАТА, РАЃАЊЕТО, ДВИЖЕЊАТА НА ЅВЕЗДИТЕ , ЈАСНО Е ОД СЛЕДНОТО:
Ако сè што се случува зависеше од спомнатото, а не од човековата слободна волја,
зошто тогаш казнуваш слуга фатен во кражба,
зошто ја судиш жената прељубница?
Што се срамуваш кога ќе направиш нешто лошо?
Зошто не можеш да истрпиш збор што те прекорува?
Ако некој те нарече прељубник, или блудник, или пијаница, или нешто слично, зошто тогаш тоа го сметаш за навреда?
Ако твојата слободна волја не е во тоа да грешиш, тогаш и за она што си направил нема твоја вина, ниту во тоа што си кажал нема навреда.
На оние кои се врзани со неопходност можеме да им простиме.
Ако некој бесомачен ни ги искине алиштата или не удри, ние не само што не го прекоруваме, туку го сожалуваме и му простуваме.
А зошто?
Затоа што тој тоа не го направил со слободната волја, туку принуден од зол дух.
Заради тоа, кога и другите грешки би настанувале по неопходност и по неизбежна судбина, тогаш ќе простувавме.
Но, бидејќи знаеме дека тоа не е неопходно, не простуваме – ниту господари на слуги, ниту мажи на жени, ниту жени на мажи, ни татковци на деца, ни старешини на потчинети, туку напротив, стануваме строги мачители и казнувачи на дрскост,
прибегнуваме кон судови, виновните ги подложуваме на удирање, ги караме, и преземаме сите мерки да ги одвратиме од злото.