Еднаш кај свети Серафим Саровски дошол велепоседникот Мотовилов.

И свети Серафим му раскажувал за умната молитва, бидејќи тој ја имал оваа молитва во висок степен, за молитвата на срцето, највозвишената молитва на светот, дека човекот треба да се научи да се моли на Бога не co усните, туку co срцето.

И Мотовилов посакал да му го даде овој дар.

-Оче, дај ми да ја научам и jac молитвата на умот и срцето!

И светителот рекол:

-Рано е за тебе, бидејќи ќе се возгордееш! Најнапред треба да го добиеш делувањето на Светиот Дух.

-Како можеме да го добиеме ова дејство во себе?

-Студенилото на нашата вера во нашиот Господ Исус Христос е причината поради која потполно сме се оддалечиле од вистинскиот христијански живот; Нам ни изгледаат чудни некои зборови од Светото Писмо, како кога се вели: Адам и Ева Го гледаа Бога.

Па сепак, недостатокот на разбирање претставува последица на нашето оддалечување од првобитната смисла на христиjанството.

Co впечаток дека сме учени, сме потонати во еден таков мрак на незнаење, така што стигнавме да го сметаме за невозможно она што во минатото го сметавме за природно. На пример, Божјото покажување на луѓето!

Кога Бог My ce покажа на Мојсеј на Синајската Гора, Јудеите не можеа да го гледаат во лице. Ете, толку беше осветлено.

Кога Господ се преобрази на Таворската Гора, и Неговото лице блескаше како сонцето и Неговата облека беше бела како светлината, тогаш учениците ничкум паднаа.

Така се покажува благодатта на Пресветиот Дух на сите кои се достојни.

Гледајќи ја ревноста на Мотовилов, свети Серафим Саровски му го предал дарот на Светиот Дух.

-Што гледаш сега?

-Оче мој, не можам да те гледам, зашто позади твоите очи, оче свет, излегуваат светлосни молњи! Твоето лице е попламено отколку сонцето, и очите ме болат!

-Така те гледам и јас тебе, бидејќи Божјиот Дух двајцата нѐ осени.

Светиот Дух беше пренесен од едниот на другиот.

Замислете го лицето не некој човек кој говори среде сонцето. Го гледате неговото движење на усните, изразот на очите, му го слушаме гласот, но наместо телото гледаме блескава светлина, заслепувачки блесок. Може ли некој да ја замисли ваквата состојба?

-Како се чувствуваш сега? – го запрашал Мотовилов.

-Bo душата чувствувам спокојство и мир кој не можам да го изразам co зборови.

-Тој мир што го чувствуваш е мирот за кој им вели Господ на своите ученици:

“Мир ви оставам; мирот Свој ви го давам; Јас ви го давам не како што ви го дава светот” (Јован 14, 27).

И го запрашал:

-Што чувствуваш друго?

-Восхитувачка сладост!

-Тоа е сладоста за која Божественото Писмо вели: “Од реката на Својата сладост ќе им дадеш да пијат”. Во оваа сладост како да ни се топи срцето, и кој може добро да го искаже тоа што тогаш нѐ исполнува?

Што уште чувствуваш, синко?

-Чувствувам неискажлива радост во срцето!

-Кога Светиот Дух целосно ќе завладее co нашето битие, тогаш душата се исполнува co безгранична радост. Сега, пак, што чувствуваш?

-Топлина која силно Me опфаќа.

А тие биле во шума и надвор навевал снег, и тие се чувствуваат како во бања. Тоа е таа топлина за која Бог ни заповеда да ја спомнуваме во молитвите:

Загреј ме, Господи, co топлината на Твојот Свет Дух. Сега, пак, ние поимуваме како престојуваат пустиниците во планините и шумите и не се плашат од острата ладна зима, бидејќи тие се прекриени co Божествената благодат.

Светиот Дух е третото лице од Божеството, на Кое ние My ce обраќаме co молитвата: “Цару небесен…” и во 50 псалм, каде се вели:

“Твојот Свет Дух не го одземај од мене”, се молиме на нашиот Господ Исус Христос да не ни ја одземе благодатта на Светиот Дух, поради нашите гревови.

Таа благодат ја има човекот од светото Крштевање, но ја жалости co гревовите, та таа го напушта.

Тој може да ја има до крајот, но co гревовите ја отстранува од себе. Светиот апостол Павле вели: “И не Го оскрбувајте Светиот Дух Божји, co Koj сте запечатени за денот на избавувањето” (Ефес. 4, 30; 1, 13).

Само гревовите го оддалечуваат Светиот Дух од човекот. И овој Свет Дух човекот го добива на крштевањето, но бидејќи е извалкан co гревови и беззаконија, Он заминува. И, ете, колку ли само тешко се добива!

Потоа свети Серафим му рекол на својот ученик:

-Внимавај! Од денес па понатаму твоето срце не ќе престане да се моли. Како што оди часовникот.

И почувствувал Мотовилов дека се моли co срцето. Тоа постојано велело:

“Господи Исусе…”. Дури и кога спиел, неговото срце се молело. Се исполнувало кажаното во Библијата, во Песната над песните:

“Спијам, но срцето мое е будно” (Песна 5, 2)!

И се молел co срцето и имал голема утеха. Но, еднаш му рекол на свети Серафим:

-Оче, ѓаволот повеќе нема никаква моќ над мене!

Бидејќи бил охрабрен и осенет co дарот Божји, не познавајќи го искушението.

-He вели така, брату! – му рекол свети Серафим.

-Ho нема никаква моќ!

-He вели! Тоа е гордост! Знај дека ѓаволот беше ангел, и тоа не ангел, туку херувим, како што се вели кај Исаија: Беше херувим заколнувач кој одеше среде блескавите небесни камења.

Значи, ако Бог би му дозволил, само co едниот нокт би ја ничкосал земјата на другата страна. He гледаш ли кај Jов што се вели за сатаната? Врие бездната како чинија пред него, и кој ќе го искаже оклопот на силата негова?

Тој има голема моќ, но неговата моќ е оградена co силата на Божеството, зашто таа го задржува да не може да прави повеќе зло, отколку што му е дозволено од Бога. Како што вели апостол Петар:

“Верен е Бог, Кој нема да позволи да бидете искушувани повеќе од силата ваша, а заедно co искушението ќе ви даде и излез, за да можете да трпите” (1 Кор. 10, 13).

Пренесено од книгата “Голем е Бог” од старец Клеопа

 

Подготви Мина Даниловска

Претходна статијаПосетата на Пресвета Богородица! (Старец Пајсиј)
Следна статија“…Цару, јади, пиј и весели се, но спомни си оти ќе умреш!…“