СРЕБРОЉУБИЕ, ТИ ГО ПРЕДАДЕ ХРИСТОС!

Велики петок, браќа, е нашиот срам, и нашиот пораз. Во Јуда Искариот имало по малку од секоја наша душа, од душата на секој од нас. Да не беше така ќе бевме безгрешни!

Преку Јуда сите паднавме, сите го продадовме Христа,сите го предадовме Христа, и го примивме ѓаволот, и го прегрнавме сатаната.

Да, сатаната.

Зашто во светото Евангелие е кажано:

“И после залакот, сатаната влезе во него” (во Јуда) (Јован.13:27).

После кој залак? После залакот што Христос му го даде! После Причеста!

После Христос!!! Ах, има ли поголемо предавство, по голем ужас?

Среброљубие, ти Го предаде Христа!

Среброљубие, ти и денес Го предаваш.

Јуда кој бил ученик Христов, кој три години бил со Него, кој присуствувал на сите Христови чуда, кој со името Христово очистувал прокажени, исцелувал болни, воскреснувал мртовци, изгонувал нечисти духови, истиот тој Јуда – среброљубието го направи предавник и Христоубиец; како тогаш тебе и мене да не нѐ направи предавнци и Христоубијци, мене, кој три години не сум го гледал Бога во тело, кој не сум ниту прокажани очистувал, ниту болни сум исцелувал, ниту мртви сум воскреснал со името Христово?

Јуда долго бил со Оној, Кој немал каде глава да подсклони, со Оној, Кој и на дело и со зборови учел, дека не треба да се носи ниту сребро, ниту злато.

А јас? А ти?

Ако не умееш да се радуваш во сиромаштија, брате, ако не можеш да си среќен во сиромаштија, значи ти си кандидат – Јуда.

Не прашувај: “Да не сум јас Господи?”

Зашто несомнено ќе ги слушнеш зборовите: “Да, ти рече”.

Мечтаеш ли за богатство, гори ли во тебе желбата за пари, знај дека во тебе зачнува Јуда. Брате и пријателу, за цел живот запомни:

Среброљубието Го распнало Христос, среброљубието го убило Бога.

Среброљубието, од ученик Христов направило непријател, убиец на Христа. Но не само тоа: тоа го убило и Јуда.

Среброљубието го има тоа проклето својство – не само да го направи човекот Христоубиец, но и самоубиец.

Во почетокот, тоа Го убива Бога во душата на човекот, и откако ќе Го убие Бог во човекот, тоа на крајот го убива и самиот човек…

Архимандрит Јустин Поповиќ

Претходна статијаМладото момче прашува за верата во Христа (Одговор од свештеникот)
Следна статијаБЛАГОСЛОВЕН Е ПЛОДОТ НА ТВОЈАТА УТРОБА!