САМОИЗМАМА
• Тешко е да се излезе од самоизмамата. На дверите стои стража; дверите се затворени co тешки и цврсти брави, запечатени co печатот на адската бездна.
Бравите се – гордоста, коja се крие длабоко во срцето на самоизмамените и суетата, која е главен двигател на нивните дејствувања, како и лицемерието и лукавството, co кои гордоста и суетата се прикриваат и кои ги облекуваат во маска на добронамерност, смирение и светост.
Нескршлив печат е да се сметаат делата на самоизмама за благодатни дела.
• Блажена е душата, која себеси се смета за сосема недостојна за Бог, душата која се осудила себеси како грешна! Таа е на патот на спасението; во неа нема самоизмама.
Чувство на плач и покајание – е единствено нешто што и’ треба на душата, која My приоѓа на Господа co намера од Hero да добие прошка за своите гревови.
Тоа е – добар дел! Ако си го избрал, нема да ти се одземе! He менувај го тоа богатство за пусти, лажни, насилни и божемни благодатни чувства, и немој да се погубиш себеси co лаги.
„Ако некои од отците – вели преподобен Исак Сирин – пишувале дека постои чистота на душата, дека постои нејзино здравје, бестрастие, вид, не го пишувале тоа за ние, пред време да ги бараме и исчекуваме.
Bo Светото Писмо е речено: „Царството Божјо нема да дојде забележливо” (Лука 17, 20).
Оние, во кои живее исчекувањето, стекнале гордост и пад… црквата Божја го отфрлила барањето и исчекувањето на возвишените Божествени дарови. Тоа не е обележје на љубов кон Бог, туку – болест на душата”.
Сите светии себеси се сметале недостојни за Бог; co тоа го покажувале своето достоинство, кое се состои во смирение.
Сите самоизмамени се сметале достојни за Бог: co тоа ја покажале гордоста и демонската прелест, која ги обзела нивните души. некои од нив ги примале демоните кои им се јавувале во вид на ангели и ги следеле; на други демоните им се јавувале во својот вид и се претставувале божем победени од нивната молитва, co што ги доведувале до гордост.
Некои ја поттикнувале својата гордост и ја распламтувале крвта, предизвикувајќи во себе придвижување на нервите, па тоа го сметале за благодатни наслади и паѓале во гордост, во тотална помраченост, придружувајќи им се по својот дух на отфрлените духови.
Ако имаш потреба да беседиш сам co себе, не ласкај си, туку самопрекорувај се.
Горчливите лекови ни се корисни во нашата падната состојба. Оние, кои си ласкаат на себе, веќе ја примиле, овде на земјата, својата плата – својата самоизмама, пофалби и љубов од светот, кој непријателски е расположен кон Бог: тие немаат што друго да очекуваат во вечноста, единствено осуда.
Пренесено од книгата “Енциклопедија на православниот духовен живот” од Свети Игнатиј Брјанчанинов
Подготви Мина Даниловска