ПОРАДИ СЕБИЧНОСТ И ТЕСНОГРАДОСТ

Поради некои “пурпурни моменти” луѓето се подготвени да ja пролијат невината детска крв. Уште неродено, a веќе маченик. Исто како и витлеемските дечиња кои ги уби Ирод – крвавиот Идумеец.

A cѐ поради себичност и тесноградост…

Самите крвници co право се деградирани од перото на заштитниците на абортусот, од личности до “извесен субјект” кој има тука и таму некое право на “избор на модусот на организирање на овој сегмент од животот”.

Ја заборавија и познатата мисла на Његош: “Крвта човечка е храна отровна”.

Својот живот го заѕидаа co детска крв. И во таа Вавилонска кула, во таа Келе кула на нашите денови тие го живеат својот живот.

Тука и ќе умрат ако не се покајат, без љубов, вера и надеж, во бескрајното сивило на секојдневниот живот под праведниот воденички камен на времето кое Бог го благословил.

Ќе умрат опфатени во своето животинско варварство без Христа Распнатиот и Воскреснатиот.

Ќе умрат co празни зеници и co отапени умови.

Ќе умрат co пусто срце и co уште попразна душа.

A нивните нема ни чесно да ги оплачат. Кој да го сака детеубиецот? Тие самите се презираат себеси, но немаат сили да го признаат тоа.

За да сфатиме колку ниско паднала медицинската етика, мораме да ги изнесеме на виделина и следните факти.

Вирусите долго време ги збунувале научниците. Во клетките на домаќинот се однесувале како живи едноклеточни организми, како паразити. Надвор од клетките се кристализирале, исто како да се мртва, безживотна материја.

Што е co нив? Каде да се стават? На крајот е пронајдено решение – сепак се живи.

А кој аргумент преовладеал? Па, се размножуваат, оставаат некое свое
потомство. Од еден вирус во клетките на домаќинот се создаваат голем број нови вирусни честички.

И клетката на туморот има посебна чест кај научниците. Поради нејзините брзи делби, ја добила почесната титула “бесмртна клетка”.

Значи, и таа е жива. Тумор, па тоа е поим за размножување. И вирусите и туморите, кои се толку штетни за нашиот живот, имаат право на живот. Тие се уважувани, тие се чествувани, за нив се предава и се пишува, тие се предмет на докторски и магистерски дисертации!

Само на човечкиот ембрион му го забрануваат правото на живот во првите месеци од неговото постоење.

Само човечкиот ембрион е презрен, а според својот потенцијал на размножување го надминува дури и туморот.

Што прават луѓето од себе и од своето потомство!? Го мразат уште неродено. А, зошто? Најчест изговор: постигнатиот планиран број деца и материјалните причини.

Поради браќата, братот ќе ја изгуби главата, поради сестрите, сестрата нема да ја види светлината на денот. Поради пари, родителите се доброволно виновни и подготвени да најдат платен убиец.

А зошто не се откажат од “пурпурните моменти” ако во срцето им е детската “подобра и посветла иднина?”

Зар тие да се откажат од нешто? Зар да се помачат и потрудат? Зар мајката да ја расипе добрата става и витата линија?

Зар мажот да се лиши и воздржува од нешто? Зар да се помачат?

“Ете, наследство од Господа: деца, крупен пород од него. Она што се стрелите во раката на силниот, тоа се младите синови.

Блажен е оној човек, кому му е исполнет тегарчикот (торбичка за стрели) co нив!”, воскликнувал богоотецот Давид во своето видение.

О Давиде, Божји угоднику! Погледни и види го живиот песок во човечките души. Песокот во кој тонат штотуку зачнатите. Ниту збор проговориле, ниту мисла помислиле, ниту чекор направиле, ниту солзи засолзиле.

Штотуку почнале да се развиваат, а веќе се овенчани со маченички венец.

Венец кој штедро им го подарила родителската рака.

Мали маченици, благувајте таму во Небесната црква, во Царството на Благиот Христос. Радувајте се таму co сите жртви што паднаа од Авеловите, па до денес. И тагувајте поради пропаста на оние кои по тело и крв ви беа најблиски.

Пренесено од книгата “Светињата на животот и детеубиството”

Подготви Мина Даниловска

Претходна статијаПРАВОТО НА ЖЕНИТЕ НЕ МОЖЕ ДА СЕ ПРОТЕГА ПРЕКУ ПРАВОТО НА ДЕТЕТО НА ЖИВОТ!
Следна статијаКога со блудницата се прегрнуваше не се срамеше, а кога тргна да се покаеш, се срамиш? (Св. Јован Златоуст)