40.

Треба да ја имаме свеста на Христос, Којшто го носи во Себеси целиот свет; во ова се состои собраноста на човечката ипостас (личност). Словото Христово не се врзува, нема граници.

41.

Ако, како што исповедаме во Символот на Верата, Христос е вистински Бог, Спасител на светот, Творец на сѐ создадено – низ Кого сѐ постана како можеме да ja восогласиме оваа теорија co идејата на национализмот, на местото, на времето…?

42.

He познавам Христос, грчки, руски, англиски, арапски… Христос за мене е сѐ, надсветско Битие!

43.

Bo Писмото, често се наведува дека Христос умре за целиот свет, заради гревовите на сите луѓе. Доколку ја ограничиме личноста Христова, доколку ја спуштиме на рамниште на нациите, губиме сѐ и се внурнуваме во мрак.

Тогаш, се отвора патот кон омразата мегу народите, патот кон непријателството меѓу општествените слоеви.

44.

Читајте го Свети Силуан! Според него, секој човек на земјата има свое дело: еден е цар, друг патријарх, трет професор или работник.

Тоа не е значајно. За Свети Силуан не постои никаква разлика, ако некој е цар или работник.

Оној, пак, кој Го љуби Христа ги вподобува и ги носи внатре во себе чувствата што ги имаше Исус Христос, го живее човештвото како едниот Адам, се моли за Адам серодителот.

Еве го вистинското христијанство!

45.

Христос е неограничен Бог! He се распна само за верните, туку за сите луѓе од Адама, до последниот што ќе се роди од жена. Да Го следи некој Христа, значи да страда заради исцелување и спасение на целото човештво. Поинаку не може да биде!

46.

Она што ќе нѐ одведе во Гетсиманската градина, каде што Христос се молеше за целиот свет, е да го љубиме ближниот како себеси, да живееме согласно заповедите Христови.

47.

Возљуби го ближниот свој како себеси! Ми се даде да ја разберам оваа заповед како едно дрво co космички размери, гигантско, чиј корен е Адам.

Јас не сум ништо друго, освен еден мал лист на една гранка од ова дрво. Но, ова дрво не ми е туѓо. Тоа е мојот корен. My припаѓам.

Да се молиш за целиот свет, значи, како да се молиш за ова дрво во неговата целост, co милионите негови листови.

48.

Да го следиме Христа, значи да се отвориме за свеста на Самиот Христос, Кој го носи во себе целото човештво; целото дрво без исклучок на ниеден лист.

Ако ја стекнеме оваа свест, ќе се молиме за сите, како за себеси.

Пренесено од книгата “За духот и животот” од старец Софрониј (Сахаров)

Подготви Мина Даниловска

Претходна статијаВојната на монахот трае сѐ додека не замине при Господа! (Свети Ефрем)
Следна статија„Јас се најдов во рајот, величествен и прекрасен…“