ЗА ТОА ДЕКА НЕ ПОСТОИ „ДУХОВЕН СТАЖ“

Прашањето е дискутабилно, зашто постојат многу верници кои се повикуваат на овој контекст, свесно или несвесно.

Од типот:
„Јас сум подолго во верата од тебе, па повеќе знам!“

или „Кога јас станав побожен ти се немаш ни родено!“
или:

„Зошто ти мене ме учиш, кога јас сум повоцрковен од тебе!“ итн.

Како секогаш да постои некоја блага или груба резервираност кон оние кои штотуку стапуваат на Литургиското тло, а оние кои веќе долго стојат во верата некако надмено се однесуваат кон оние кои доаѓаат.

Да не е тоа зависта на оној братот на блудниот син во Евангелието? Со други зборови, како тоа изгледа од Божја перспектива?

Знаеме дека во Евангелието се спомнуваат два момента: работниците кои доаѓаат на работа во различно време (што ја претставува оваа наша историска сцена) и моментот на Страшниот (есхатолошкиот) Суд, кога Бог им говори:

„Не ве познавам!“ на оние кои Му говорат:

„Зарем во Твое име не го правевме тоа и тоа!“?

Духовниот стаж НЕ постои , зашто Литургијата СЕКОГАШ претставува нов настан…

Дали пред Господа е „подуховен“ оној којшто е во Црквата 10 години, од оној којшто е една година во Црквата…

Или важно е обајцата де се во Црквата… И на кој тас „се мери“ духовноста… Имаме актуелни примери…

Постојат луѓе кои се од поодамна во Црквата, но тоа не ги спречува да проповедаат некакви квази-православни учења…, а ги имаме и оние кои се од вчера во Црквата и се благодатно осветени и не подлегнуваат на разни девијантни (про)толкувања…

Верата и знаењето се нераздвојни категории, за што сведочи и евангелистот Јован:

„И ние поверувавме и познавме дека ти си Христос Син на живиот Бог“…

Верата се идентификува со познанието, со желбата со Познаниот да бидеме во дијалектички однос. Станува збор за познание „во Духот“, за продлабочување на содржината на животот, мислењето, движењето, поимите.

Животот „во Духот“ добива едно ново значење, можност присутноста Божја и вистината за Бог да стане сигурност која претставува „отворање“ на Вистинскиот Бог кон нас и поместување на границите на нашата конечност кон Бога во ненаметливи извесности.

Она што мене ме буни е обидот благодатта Божја да се ограничи со време, односно сомнежот во Волјата Божја, со Духот, во синергија со нашата слободна волја, во миг да ја преобрази сецелата наша Личност… (Дела Апостолски 22).

Можеме да зборуваме за растење во Духот, но тесноградото наметнување на сопствениот „стаж“ не може да опстане внатре во безграничните граници на Црквата…

Не е мал бројот на примерите кои тоа го потврдуваат…

Имаме и примери кадешто луѓето кои се 20 години „во“ Црквата и понатаму не гледаат подалеку од сопствената гревоцентричност и самопофалба… додека оној којшто има помал „стаж“, сообразно со зборовите Господови, „станува и оди“, уподобувајќи се на убавината на Христовото Преображение.

Подготви: М. Даниловска

Извор: http://upodobljavanje.wordpress.com/

Претходна статијаКолку време се носи црнина за покојните? (На ваши прашања одговара нашиот свештеник)
Следна статијаМОЛИТВА КОН БОГОРОДИЦА НА МАЈКА ЗА СИНОТ КОЈ ЗАСТРАНИЛ!