Милостината ги искупува родителите, ги искупува децата, искупува тешко болни и пијаници.

Дарувана co вера, милостината е голема сила. При тоа, секако, треба и да се смируваме. Нека ти се потсмеваат, нека зборуваат за тебе многу измислици, а ти co насмевка добродушно трпи.

Што сè не зборуваат тие! He кажувај никому како те нарекувале и како те нарекуваат. Затоа што тоа е фино лукавство за ѓаволска љубов, кога на некого му прераскажуваме како нè навредуваат.

Бидејќи светот не ги разбира тие работи. Зарем треба да се чудиме?

„Имаше сè – раскажуваат – имаше сè што треба, па сето тоа исчезна, остана железниот кревет co даски и некој душек; имаше работна маса – и таа ја снема; имаше лењир – и него го снема; тој полуде, сè продаде, некаде ги дава парите, најверојатно на книшка”.

Таа книшка се сиромашните, тоа е најдобрата книшка, најдобрата заштеда!

 

– Отче, каква може да биде милостината кај монасите? Па тие немаат пари?

– Гледате ли во што е работата? Во општожитието монахот нема право да изнесе ниту чкорче надвор од манастирските порти, туку да прави милостина внатре во манастирот, барајќи во манастирот болни и немоќни, скратувајќи си го она што нему му е потребно, a не она што му е вишок – тоа е милостината!

А ако дава од вишокот, тоа не е милостина, не е!

За нас, пак, кои живееме надвор од манастирот, милостината е задолжителна!

Задолжителна! Бидејќи ние ништо не земаме од братството, туку земаме од себе. Нам ни е одредено да имаме минимум, a cè што е повеќе го даваме.

– A во семејство? Таму исто така има заеднички имот кој не смее да се растура. Треба ли да се дарува само своето, личното?

– He! Ако земеш co кражба од семејството, тоа ќе го дадеш за семејството или во име за семејството. И Господ тоа може да го смета како да го дарувало целото семејство.

– А како вие понекогаш велите дека кон секој човек треба да имаме љубов, дека во секој човек е ликот Божји?

– He! Кон секој човек треба да имаме христијански однос на љубов: кон Евреите, незнабожците, Татарите – сè се тоа слуги Божји. Тие носат образ и подобие Божјо, тие не се виновни за тоа што не се христијани. За тоа не смееме да ги презираме.

И ако ние му направиме зло на Евреинот или на паганинот – тоа ќе ни се смета за грев! Преп. Макариј тоа го покажал. Се сеќаваш како го прашал черепот:

„Кој си ти?” A тој му одговорил: „Незнабожечки жрец”. Ние ќе бидеме под тој череп ако не го почитуваме законот! А законот, тоа се заповедите на блаженствата. Таму нема ништо, навистина ништо вишок!

Зошто тие се пеат на Литургијата? Затоа што нè потсетуваат дека при Второто Доаѓање за нив ќе нè испитуваат!

Нема да нè прашаат: како постеше, дали јадеше co масло или без масло, како си читал “Господи помилуј!” – co поклони или без поклони? ! Тоа се средства за да се сочува законот Христов, т.е. заповедите на блаженствата! Тоа наше богослужење – хорот, пеењето, службата – тоа се само средства за да се зачува законот Христов.

Зошто велиме дека ни е полесно од сите други вероисповеди?

Затоа што благодатта од Светиот Дух е co нас, затоа што таа благодат сите нè усмерува и го омекнува нашето дрвено срце.

Пренесено од книгата “Старец Сампсон – Поуки и беседи”

Претходна статијаНаучи се да поднесуваш приговори и навреди!- Свети Игнатиј Брјанчанинов
Следна статијаЕпископот е приемник на апостолите, претставник на Господа на земјата – Свети Игнатиј Брјанчанинов