Борба co гневот и co неговиот пород

213. Ако те нападне гнев, гони го веднаш што подалеку од себеси, и ќе се радуваш во сите дни на твојот живот.

214. Ha никого никогаш не лути се, туку проштевај им на сите.

215. Ако некој неправедно те прекори, не гневи се.

216. Биди мудар, и устата на оној што говори лошо за тебе, затворај ја co молчење.

217. He чуди се ако некој говори за тебе лошо, затоа што тоа е една од ѓаволските итрини, нашите најлоши непријатели, кои ни ставаат пречки, за да ја дознаат вистината какви сме.

218. He гневи се брзо и не мисли зло за оној што те разгневил.

219. Ако некој те навреди, не лути му се на оној што те навредил, туку речи: јас сум заслужил сите браќа да ме навредуваат.

220. He мрмори и никого не навредувај.

221. He враќај зло за зло, ниту ги навредувај оние што те навредуваат, зашто co тоа што ти го прават тие – Господ те смирува, гледајќи дека ти самиот не сакаш да се смириш.

222. И помладите и постарите нека се молат: да не паднат под тиранијата на гневот.

223. Оној што го свртува другиот образ кога го удрат по едниот, тој покажува дека се радува што го навредуваат. Hero Господ Исус Христос нема никогаш да го остави, зашто Он е благ и им помага на оние души што трпат заради Hero и што Го бараат. Он им дава сила додека тие не добијат мир од своите страсти. Па затоа, радувај се кога те среќаваат незгоди и страдања, зашто по нив доаѓаат слатки плодови.

224. He плаши се од човечките навреди. Борба co други движења на срцето, кога го подриваат нашиот успех co осудување на нашите ближни

225. Ако видиш дека твојот брат згрешил во нешто, не презирај го, не одвраќај се од него и не осудувај го, зашто инаку и ти самиот ќе паднеш во рацете на твоите непријатели.

226. He прави лошо на никого и никого не осудувај.

227. He слушај кога се говори лошо за другите, туку сожалувај ги, и ќе бидеш жив.

228. Никого да не осудуваш, зашто co тоа ти самиот паѓаш.

229. He прекорувај го твојот брат ни тогаш кога гледаш дека ги престапува сите заповеди, зашто инаку и ти самиот ќе паднеш во рацете на твоите духовни непријатели.

230. He осудувај никого од смртните, за Бог да не се одврати од твоите молитви.

231. Ha никого не предочувај му ги неговите недостатоци во никаков случај.

232. Никого и никогаш не прекорувај го за неговите недостатоци.

– Борба co самољубието и славољубието –

233. Кога даваш милостиња, не покажувај за да биде видена од другите.

234. Ако правиш духовни подвизи, не фали се co нив.

235. За доброто дело што намераваш да го направиш не говори му на никого однапред, туку потруди се да го направиш.

236. Кога правиш некои добродетели, не мисли високо за себеси и не говори: jac направив тоа и тоа, зашто ако така постапуваш, нема да бидеш мудар.

237. He биди славољубив, во срцето твое немај самопофалби и не говори: јас го направив тоа и тоа и успеав во тоа и тоа. Ваквите мисли се полни co славољубие и кој е преполн co нив, тој станал живеалиште на нечистите духови.

  • Борба против човекоугодништвото и лицемерието-

238. He оставај ја волјата Божја, за да ја исполнип волјата на луѓето.

239. He изоставај ги Божјите заповеди заради човечкото пријателство.

240. He биди лицемерен и дволичен, а уште помалку биди лажец.

241. He бивај праведен само пред луѓето, туку труди се и пред себеси да бидеш мудар, кроток, добродушен, трпелив, ревносен и човекољубив.

  • Борба co гордоста –

242. He гордеј се co твоите дела, какви и да се тие.

243. He возвеличувај се во твојата гордост и не фали се.

244. Прогонувај ја гордоста далеку од себе си, твојот ближен и сите луѓе, сметај ги за подобри од себе.

245. Нема поголема несреќа од тоа: да го ожалостиме нашиот ближен и да се гордееме пред другите.

24б. Не сметај дека си мудар, зашто твојата душа ќе се погордее, и ќе паднеш во рацете на демоните.

247. He сметај дека знаеш се` и дека си многу мудар. Никогаш не говори дека знаеш сè и дека можеш сè, зашто целиот твој досегашен труд ќе биде напразен и твојот брод попусто пловел досега.

Претходна статијаКолку ли само животот би бил прекрасен кога луѓето би ја слушале совеста?! (Старец Сампсон)
Следна статијаСвети Марко Подвижник – Добротољубие