ДА И’ ДАДЕМЕ ПРЕДНОСТ НА ДУХОВНАТА УБАВИНА НА ДУШАТА
Душата допрена од убавините на материјалниот свет покажува дека во неа живее суетниот свет, затоа ја привлекува созданието, а не Создателот; глината, а не Бог.
Срцето привлечено од светските убавини што, можеби, и не се грешни, но сепак се суетни, моментално чувствува светска радост што co себе не носи божествена утеха, внатрешен полет и духовна радост. Но кога човекот копнее за духовна убавина, тогаш неговата душа се исполнува и се разубавува.
Кога човек, особено монах, би ја спознал својата внатрешна грдотија, не би барал надворешни убавини. Душата во себе има толку флеки, толку наталожени слоеви на нечистотија, а ние ќе внимаваме, на пример, на својот костум?
Го переме, дури и го пегламе и сме чисти, а внатре сме… не прашувај!
Затоа, ако некој ја има предвид својата духовна нечистотија, нема со толкаво внимание да ја чисти и најмалата флека од костумот, затоа што тоа е илјада пати почисто од неговата душа.
Пренесено од старец Пајсиј Светогорец
Подготви МИна Даниловска