ЗОШТО БОГ МУ ДОПУШТА НА ЃАВОЛОТ ДА HЀ ИСКУШУВА

Старче, зошто Бог му допушта на ѓаволот да нѐ искушува?

За да ги избере своите деца.

„Прави што сакаш, ѓаволе”, вели Бог, зашто што и да прави, на крајот ќе ја разбие главата од аголниот камен, кој е Христос. Ако веруваме дека Христос е аголниот камен, ништо нема да нѐ уплаши.

Бог не допушта искушение од кое не произлегува некое добро. Го остава ѓаволот да ја работи својата работа кога гледа дека од сето тоа ќе се случи некое поголемо добро.

Видовте ли што направи Ирод?

Убил четиринаесет илјади бебиња, но така направил четиринаесет илјади ангели – маченици. На друго место каде си видел ангели – маченици? Ѓаволот самиот си ја скршил главата!

Диоклецијан станал соработник на ѓаволот, мачејки ги тешко христијаните, но, не сакајки, и’ направил добро на Црквата, збогатувајќи ја co светители.

Мислел дека ќе ги истреби христијаните, но ништо не направил. Оставил многу свети мошти за да им се поклонуваме и ја збогатил Христовата Црква.

Бог може да го уништи ѓаволот затоа што е Бог! Ако сака, уште сега може да го фрли во пеколот, но го остава, повторно, за наше добро.

Зар да го остава да ги прави несреќни и да ги мачи своите созданија? Но го остава донекаде и за некое време, за да ни помогне со своето зло, да нѐ искушува, а ние да прибегнуваме кон Бога.

Само тогаш кога човекот ќе го искористи сето тоа за добро, Бог му допушта на ѓаволот да нѐ искушува. Ако не произлегува добро, не му дозволува.

Сѐ што допушта Бог е за наше добро. Да веруваме во тоа! Бог му дозволува на ѓаволот за човекот да се бори. Без борба не бидува ништо. Кога не би нѐ искушувал ѓаволот, можеби ќе помислиме дека сме светители.

Значи, Бог му дозволува на ѓаволот да нѐ удира co злобата, затоа што co ударите што ни ги нанесува ја растресува нашата прашина и ја истресува нашата валкана и испрашена душа. Или го пушта да нѐ касне за да прибегнеме кон Hero.

Бог непрестајно нѐ повикува кон Себе, но ние, обично, сме оддалечени од Hero, и дури кога ќе се појави некоја опасност, итаме кон Него. Кога човекот ќе се соедини co Бога, нема простор да влезе лукавиот.

Тогаш нема ниту причина Бог да му допушти на лукавиот да го искушува човекот за да биде принуден да My прибегне. Сѐ на сѐ, што и да се случи, лукавиот ни прави добро, ни помага да се освестиме! Затоа Бог го трпи.

Покрај луѓето, Бог им дал слобода и на демоните затоа што не можат да и’ наштетат на човечката душа, освен ако човекот сам сака да и’ наштети на својата душа. Напротив, лошите и невнимателните луѓе, што и не сакајќи ни нанесуваат зло во животот, и’ донесуваат плата на нашата душа.

Што мислите, зошто зборува оној ава:

‘Отстрани ги искушенијата, и никој нема да се спаси’.

Затоа што искушенијата многу помагаат. He дека ѓаволот може да направи некое добро – затоа што тој е лош – но добриот Бог го запира каменот co кој нѐ гаѓал ѓаволот за да ни ја скрши главата, и ни го дава/каменот/ во едната рака, а во другата рака ни дава бадеми, за да ги кршеме и да ги јадеме!

Бог допушта искушенија не за да нѐ тиранизира гаволот, туку на тој начин да полагаме „испити” за другиот живот, за да немаме неразумни потреби и барања за Второто доаѓање.

Треба добро да сфатиме дека војуваме против самиот ѓавол и дека ќе војуваме против него сѐ додека се наоѓаме во овој живот. Додека е жив, човекот треба да направи многу нешта за напредокот на својата душа и има право да полага „духовни испити”. Ако умре, а не положи, тука е крајот.

Нема повторување.

старец Пајсиј Светогорец

Подготви МИна Даниловска

Претходна статијаГи познава ли лукавиот нашите добри помисли?
Следна статијаЃАВОЛОТ ВЛАДЕЕ CO СУЕТАТА (Старец Пајсиј)