Старче, дали ѓаволот знае што има во нашето срце?
Уште тоа ни недостасува, да го познава и срцето! Само Бог е срцепознавач /односно само Бог знае што има во срцето/ и само на Божјите луѓе понекогаш Бог им открива, за наше добро, што има во нашите срца.
Ѓаволот знае за злобата и пакоста што ја насадува во оние што се негови; не ги знае нашите добри помисли.
Само од искуството сфаќа по нешто, но и во тоа повеќепати греши. И ако Бог не допушти да го сфати тоа, постојано и во сѐ греши, затоа што ѓаволот е помрачен; видливост-нула!!!
Не знае, да претпоставиме, една моја добра помисла. Ако имам некоја лоша помисла, таа му е позната на ѓаволот затоа што тој самиот ја засадил.
Ако јас сакам сега да направам некое добро дело, на пример – да спасам еден човек, тоа не го знае ѓаволот.
Но ако ѓаволот вметне во некого помисла, говорејќи му: „Оди да го спасиш тој човек”, а истовремено го поттикнува на гордост, оваа помисла ќе му биде позната.
Ho, co самото тоа што човекот прифаќа да се возгордее, му отвора врата на искушението. Тоа се многу чувствителни работи!
Се секавате ли на случката co ава Макариј?
Еднаш се сретнал co ѓаволот кој се враќал од пустината што се наоѓала во близина, каде што бил да ги искушува браќата.
Ѓаволот му рекол:
– Сите браќа се груби кон мене, освен еден мој пријател, кој ме слуша, и кога ќе ме види се врти како вртелешка.
– Koj e Toj брат? – го прашал ава Макариј
– Се вика Теопемпт – му одговорил ѓаволот.
Преподобниот отишол и го нашол братот. На нему својствен начин го убедил да му ги открие своите помисли и му помогнал. Кога повторно го сретнал ѓаволот, го прашал за браќата, а ѓаволот му одговорил:
– Сите се многу груби кон мене. А што е најлошо, дури и оној што ми беше пријател, ни самиот не знам како, се смена, и сега е погруб од сите.
He знаел дека ава Макариј отишол кај братот и дека го обратил кон доброто, затоа што тој човек делувал смирено, од љубов и ѓаволот немал право на таа негова помисла.
Ако ава Макариј се возгордеел, Божјата благодат ќе се оддалечела, a ѓаволот ќе се стекнел co право. Тогаш на ѓаволот ќе му било сѐ познато, затоа што тој самиот ќе го поттикнел на гордост.
Ако човекот некаде ја каже својата добра помисла, може ли ѓаволот да го слушне и после да го искушува?
Како да го слушне кога нема „ѓавол”?
Но ако зборува за да се гордее, тогаш се замешува и ѓаволот. Односно, ако постои склоност кон гордост и ако некој горделиво каже: „Ќе отидам да го спасам”, ѓаволот се вмешува и тогаш тоа му е познато.
Ho ако делува и ако работи смирено, од љубов, тогаш тоа не го знае. Треба да се биде внимателен. Работите се многу чувствителни. Затоа отците велат дека духовниот живот е „наука над науките”.
Ho како, Старче, кога некој бајач ќе каже за некои три девојки дека едната ќе се омажи, дека втората ќе биде несреќна, a третата ќе остане немажена, така и се случува?
Ѓаволот има искуство. Како што еден инженер е во состојба да каже уште колку ќе издржи некоја куќа која е во опасност да падне, бидејќи се искривила, или нешто слично на тоа, така и тој, гледајќи како некој живее, според искуството што го стекнал, говори како ќе заврши.
Ѓаволот нема памет; многу е глупав. Целиот е заплеткан; не можеш крајот да му го фатиш. Работи и паметно и глупаво. Се однесува незрело.
Бог сето тоа така го устроил за да можеме да го забележиме. Треба да си целосно помрачен од гордоста за да не го забележиш.
Кога сме смирени, можеме да ги забележиме замките на ѓаволот, затоа што преку смирението човекот се просветува и се ородува co Бога.
Смирението го уништува ѓаволот.
Пренесено од книгата “Со болка и љубов кон современиот човек” од старец Пајсиј Светогорец
Поидготви М. Д.