„Не осудувај никого и ќе се спасиш“.
Живееше деведесет и седум години. Девет дена пред смртта му се јавија од оној свет Св. Антониј и Св. Пахомиј и му навестија дека за девет дена ќе умре, што и се случи.
Уште пред самата смрт му се јави херувим, којшто во видение му го откри блажениот небесен свет, ги пофали неговиот подвиг и добродетели и му рече дека е испратен за да ја земе неговата душа во Небесното Царство.
Се упокои во 390 година.Господ така устројува некои работи за да не ја остави непосведочена Својата божествена благодат и Својот повик; а некои други работи ги устројува, по допуштање, за човекот да биде испитан и да може да се извежба, за да се пројави неговата слободна волја.
+++
ПОУКА
Ако издржат тие што се во маки и искушенија, не се лишуваат од Царството Небесно.
Затоа, кога христијаните се во некоја мака, тие не тажат и не се јадосуваат.
Ако се испитуваат со сиромаштија или страдање, тие не треба да бидат изненадени, туку да ѝ се радуваат на сиромаштијата и да ја сметаат за богатство, а постот за празник, бесчестието и срамот – за слава.
И обратно, ако се сретнат со нешто што во овој живот се смета за славно и тоа ги привлекува кон плотско успокојување, или кон богатство, или кон слава, или кон раскош, тие не треба да се насладуваат со такви работи, туку да бегаат од ова како од оган.“
свети Макариј Велики