‘Старец Сампсон – ЗА ПРОСТУВАЊЕТО

Тоа што многу силно ме растажува е нехристијанското срце, лошото срце, кое не сака да прости.

Срце кое Му се противи на Бога, зашто не сака да прости и нема намера да простува, од една страна има дрскост и понатаму да ја изговара молитвата Господова;

„….И прости ни ги долговите наши, како што и ние им ги простуваме на нашите должници…,“а од друга, со срцето и умот војува со ближниот.

Кога тоа кај вас го гледам, толку се депримирам, што ништо не ми се смилува, зашто надворешната форма не му е никому потребна, а камоли на Бог.

Тогаш, секогаш ми доаѓа оваа мисла на ум – Значи, се` уште не сфатиле дека сета тајна, сета срж на христијанството е – да се прости, да се оправдува, да не се знае за зло и да не се памети.

Не гревот, туку злото!

Пијаницата, блудникот, горделивецот, ќе стекнат милост Божја, но оној кој не сака да прости, сосема свесно се потиснува себе си пред Бога за век и веков, а за сегашниот момент и да не зборуваме! Тој бидува отфрлен и неуслишан…

Гордиот човек е неспособен да простува.

Тој не сака да прости, па прашува:

– Зошто другите може да не простуваат, па сепак се молат и примаат Причест?

Зошто инсистирате токму јас да простувам, па дури тогаш да се исповедам и причестам?

Тоа е гордо, нехристијанско самољубие, кога некој не сака и нема намера да проштева и да љуби…

Превод: Мина Даниловска

https://istinoljublje.wordpress.com/2014/02/11/%D0%BE-%D0%BF%D1%80%D0%B0%D1%88%D1%82%D0%B0%D1%9A%D1%83-%D1%81%D1%82%D0%B0%D1%80%D0%B0%D1%86-%D1%81%D0%B0%D0%BC%D0%BF%D1%81%D0%BE%D0%BD-%D1%81%D0%B8%D0%B2%D0%B5%D1%80%D1%81/’
Старец Сампсон – ЗА ПРОСТУВАЊЕТО (21.02.2015)

Претходна статијаДарот на прозорливост на Старец Порфириј!
Следна статијаМаченици заради Христа во вториот век ( Од Православниот календар)