Еднаш старец Порфириј тргна co три негови духовни чеда да оди во еден манастир, за да отслужат Вечерна. Прво си рекоа да одат пеш.

Но откако изодија некое растојание, a старецот Порфириј се измори, помислија да најдат возило наместо да одат пеш.

Bo тој момент се појави оддалеку едно такси. Тогаш оние што го придружуваа – и тројцата беа мирјани, не клирици – му рекоа на старецот да му дадат знак на таксито да застане, и да го прашаат возачот дали може да ги префрли до манастирот.

„He грижете се”, им рече, „сам ќе застане. Но кога ќе влеземе во колата никој да не зборува co него: само јас ќе зборувам.”

Така и се случи. Запре таксистот и без тие да му дадат знак. Влегоа во колата, а отец Порфириј му ја кажа дестинацијата.

Штом тргнаа, таксистот почна да ги напаѓа клириците и да ги обвинува за илјада и една работа. И секојпат кога ќе кажеше нешто, им се обраќаше на тројцата мирјани што седеа на задното седиште и ги прашуваше:

„He e ли така, бре деца? Што велите вие?”

Но тие молк; не зборуваа ништо, според заповедта на старецот.

Кога виде таксистот дека другите не му одговараат, се сврте кон старецот Порфириј и му рече:

„He e ли така, оче? Ти што викаш?

Вистина се овие работи што ги пишуваат дури и весниците?”

My вели тогаш старец Порфириј:

„Ќе ти кажам, дете, една малечка сторија. Ќе ти ја кажам еднаш; нема да треба вторпат.” И почна да му раскажува:

„Си беше еден човек од тоа и тоа место (старецот го спомена името на местото), кој имаше за комшија еден човек во години и богат co имот. Една ноќ тој го уби комшијата и го закопа. Потоа, co разни лажни документи, му го зеде имотот и го продаде. И знаеш што купи co парите што ги зеде од продажбата на имотот?

Едно такси.”

Таксистот, штом ја слушна оваа приказна толку многу се возбуди, застана co колата на крајот од патот и викна:

„He зборувај ништо, старче; само јас и ти го знаеме ова.”

„Го знае и Бог”, му одговори старецот. „Тој ми рече да ти кажам. И да внимаваш, отсега да си го смениш животот.”

Клитос Ј.: Значи, г-дине Сотирхос, старецот Порфириј, co дарот на проѕорливост, виде дека таксистот го извршил ова убиство?

Панајотис С.: Да.

Клитос Ј.: Ова е повеќе од потресно.

Панајотис С:.

Зборувајќи или слушајќи за чудесниот живот на старец Порфириј човек навистина се соочува co вакви работи, која од која попотресна.

Тоа беше старецот Порфириј; еден вистински духовен гигант. И целиот негов пат овде на земјата беше пат кон светоста.

Пренесено од книгата “Старец Порфириј” Книга 1 од Клитос Јоанидис

Подготви: Мина Даниловска

Претходна статијаРазговорот co него беше своевиден духовен празник!
Следна статијаСета тајна, сета срж на христијанството е – да се прости!