КАКО ПОМИНАЛЕ ПОСЛЕДНИТЕ ГОДИНИ ОД ЖИВОТОТ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

После Вознесението Господово, за Мајката Божја се грижел апостол Јован Богослов, а во негово отсаство Пресветата живеела во домот на неговите родители, во близина на Елеонската гора.

За сите апостоли и верни, Таа била прва тешителка и поука.

Разговарајќи со нив, Мајката Божја зборувала за чудесните случувања за Благовештението, за бессеменетото зачнување на Христос Спасителот, за Неговото детство и воопшто за земниот живот.

Како и апостолите Таа со Својата присутност, со збор и молитви ја градела и ја утврдувала Христовата Црква. После слегувањето на Светиот Дух на денот Педесетница, Светите Апостоли уште едно десетина години престојувале во Ерусалим, служејќи на спасение на Јудејците, со желба Пресветата Богородица што почесто да ја сретнуваат и од Незе да ги слушаат божествените зборови.

Многу новообратени христијани доаѓале дури во Ерусалим да ја видат и слушнат Пресветата Богородица.

Сочувано е посланието на Св. Игнатиј Богоносец од Антиохија упатено до апостол Јован Богослов:

„Многу жени кај нас сакаат да ја посетат Пресветата Богородица, и да ги допрат градите кои ги хранеле Господ Исус Христос и од Нејзе да слушнат многу тајни.

Кај нас се пронесе Славата за Девицата и Мајката Божја, исполнета со благодат и со сите одлики.

Се зборува дека Таа за време на прогонствата и злосторствата била секогаш радосна, дека во неволји и беди не му подлегнувала на огорченоста, не се гневела на непријателите, но им правела добро, во благосостојба е кротка, према сиромашните милостива и секогаш спремна да им помогне колку што може, силна во верата, а Наставничка и Учителка е на нашата сè уште млада побожност и на сите верни е на секое добро дело; над сè ги сака смирените, зошто и Самата е исполнета со смирение.

Незиното трпение е неисцрпно кога и сè потсмеваат јудејските учители и фарисеи.

За Нејзе ни кажуваа луѓе, достојни на секоја доверба, дека врз темелот на Незината Светост се гледа соединетоста на ангелска и човечка природа.

Поради сето ова кај нас се роди голема желба да го видиме тоа небесно чудо и таа прекрасна светлина.“

Во другото послание, Св. Игнатиј Богоносец му пишува на апостол Јован Богослов:

„Ако бидам во можност ќе дојдам кај тебе да се видам со сите свети верници кои се собрани околу тебе, а над сè сакам да ја видам Мајката Христова, за Која, кога зборуваат, кај сите предизвикува воодушевување, љубов, почитување, и секој сака да ја види.

А како и не би сакал да ја видам Пресветата Девица, со Нејзе да зборувам, со Онаа која го родила Вистинскиот Бог.“

За време на прогонот кој бил подигнат против младата Црква Христова ( Дап.12, – 1-3 ), Пресвета Дева Марија, заедно со апостол Јован Богослов, се засолнила на свои 43 години во Ефес, каде на овој апостол му било одредено да го проповеда Евангелието.

Пресветата Богородица ги посетувала христијаните и во другите градови. На пример, Таа била во Антиохија кај Св. Игнатиј Богоносец, на кого му напишала:

„Ќе дојдам со Јован и тебе со твоите ќе те видам.“

Пресвета Богородица била и на Кипар кај Лазар четвородневни, кој бил помошен епископ, потоа на Света Гора Атонска, за која, по сведоштвото на Св. Стефан Светогорец, Мајката Божја рекла:

„Ова место нека ми биде доделено, дадено од Синот мој и Господ мој. Пред Бога ќе бидам застапничка на ова место.“

МПЦ ОА

 

Претходна статијаМолитва кон Гопспода ! (Свети Симеон Метафраст)
Следна статијаГосподи Исусе Христе, помилуј ме …! (Преподобен Варсануфиј Оптински)