+ ГЛАВИТЕ ВАШИ ПРИКЛОНЕТЕ ГИ ПРЕД ГОСПОДА +

Главите ваши приклонете ги пред Господа.

Народот:

Тебе, Господи.

Свештеникот:

Ти благодриме, невидлив Цару, Кој со Својата неизмерна сила си створил се` и со мноштвото на Твојата милост се` си привел од небитие во битие.

Самиот Ти Влдико, погледни од небесата на тие кои ги приклониле своите глави, зашто не ги приклонија пред тело и крв, но пред Тебе, страшниот Бог.

Ти владико, предложенијата раздели ни ги на сите нас за добро, секому според неговата потреба:

плови со оние што пловат, патувај со патниците, болните исцели ги, Лекару на душите и телата.

По благодтта, добрините и човекољубието на Единородниот Твој Син, со Кого си благословен, со пресветиот и благ и животворен Твој дух, сега и секогаш и во вечни векови.

Народот: Амин.

….

Сите имаме ист Отец. И секој од нас има своја борба.

Единственоста на човечката личност не се гуши во заедницата на Црквата; човекот е икона Божја во разновидноста на нијансите.

Заеднички Владика, разновидни дарови:

„ Спасителот им станува на сите она што им е на потреба.

На оние на кои им е неопходна радост има постанува – вино кое ги весели.

На оние кои имаат потреба да влезат им станува – врата.

За оние кои имаат потреба да принесуваат молитва станува посредник – Архиереј.

За оние кои се грешни станува големо Јагне, за да биде жртвуван за нив.

На сите им станува се`, останувајќи Самиот по природа каков што Е“.

Сите се причестуваме со истиот Леб на животот.

Секој го прифаќа Оној Кој му е потребен во личниот живот.

Во болестите – Лекар;

во опасностите – Избавител;

на грешните – Заштитник;

на сиромашните – Ризница;

на неволните – Утеха;

на оние кои патуваат – Сопатник;

на оние кои пловат – Кормилар;

на сите – Оној Кој насекаде срдечно досегнува.

Низ предложените чесни дарови, Христос, на патот од нашиот живот, станува камен на трпението, повод на молењето дародавец на силата и душевното здравје, храбар соборец.

Бидејќи Тој е „навистина добриот пат кој не застранува ( не му го скршнува патот на оној кој што по него оди) и останува постојано… водејќи го човекот којн вистинското добро – кон Отецот“.

Пренесено од книгата – Толкување на Светат Литургија

Јеромонах Григориј Светогорец

Претходна статијаГосподи Исусе Христе, помилуј ме …! (Преподобен Варсануфиј Оптински)
Следна статијаМОЛИТВА БЕЗ ДУША! (Св. Игнатиј Брјанчанинов)