ВТОРА ГЛАВА

Рационализмот на нашето време

ЛОГИКАТА BO ДУХОВНИОТ ЖИВОТ

Старче, какво место зазема логиката во духовниот живот?

– Која логика? Светската? Оваа логика нема никакво место во духовниот живот.

Ангелите, светителите ти влегуваат преку прозор, ги гледаш, разговараш co нив, си заминуваат…

Ако се обидеш ова да го објасниш co логиката – нема да успееш. Bo наше време, кога напреднаа сознанијата, безрезервната доверба во логиката ја растресе од темел верата и ги исполни душите co прашања и недоумици.

Затоа сме лишени од чуда, затоа што чудото се доживува, не се објаснува co логиката.

Спротивно на тоа, верата во Бога ја привлекува божествената сила и ги превртува сите човечки заклучоци. Прави чуда, воскреснува мртви и ја остава науката co отворена уста.

Сите работи во духовниот живот, гледани однадвор, изгледаат наопаку. Ако претходно не го отфрлиш своето светско настроение за да постанеш духовен човек, нема да ги спознаеш Божјите тајни; се’ ќе ни изгледа некако чудно /наопаку/.

Оној што мисли дека Божјите тајни може да ги спознае co помош на некоја надворешна научна теорија, личи на безумник кој сака да го види рајот co помош на телескоп.

Логиката нанесува многу зло кога некој co неа се обидува да го објасни она што е божествено, тајните, чудата. Римокатолиците co својата логика дошле дотаму да ја испитуваат светата Причест во хемиски лаборатории за да видат дали тоа навистина се Телото и Крвта Христови.

А светите, co верата што ја имале, често ги гледале Телото и Крвта Христови во светата лажица. Уште малку па ќе почнат да ги испитуваат светителите преку рендген за да ја проверат нивната светост!

Го отфрлија Светиот Дух, се фатија за логиката и сега се занимаваат co бела магија.

Ha еден римокатолик co добро настроение, кој, кутриот, заплака поради тоа, му реков:

„Една од најважните разлики меѓу нас е ова: вие се потпирате на мозокот, а ние
на верата. Вие го негувате рационализмот и воопшто – само човечкиот фактор. Co својата логика ја ограничувате Божјата сила затоа што ја отфрлате божествената благодат.

 

Односно логиката, „исправното мислење”, My се претпоставува на Бога, старче?

А можеби тоа и не е логика туку гордост? Во суштина, оваа логика е искривено мислење, а не правилно.

Гордоста е искривена логика. Логиката, што во себе носи егоизам, има и демонско гнездо. Кога таа логика ќе продре и во нашите дела, тогаш се предаваме на ѓаволот.

Старче, кога некој духовен човек треба да се соочи co едно искушение, зар ни тогаш нема место за логиката?

Тогаш треба да го направи она што како човек може да го направи, а она што не може, нека му го препушти на Бога. Некои луѓе се обидуваат се’ да објаснат co разумот. Тоа е исто како некој да сака да се моли co умносрдечната молитва, ама co разумот.

Ја притискаат главата за да се сконцентрираат, а после имаат главоболка. Кога јас така би се соочувал co проблемите co кои секојдневно се среќавам, мислиш дека би можел да испливам?

Но го правам она што како човек можам, а после cе’ му препуштам на Бога.

Велам: „Ќе даде Бог, ќе ми покаже што треба да направам”.

Многумина размислуваат:

„Како да ја направам оваа работа, и што да правам co ова, a што со она?”, и така, и за најмала ситница ги боли глава. Кога човек се обидува работите да ги уреди само co логиката, целиот се побркува.

Треба Бога да го претпостави на секое свое дело. Ништо да не прави без верба и доверба во Hero зашто, во спротивно, ќе чувствува страв, мозокот ќе му биде преморен, а и психички лошо ке се чувствува.

Старче, рековте дека никогаш не сте напнати. Како успевате?

Да, така е. Работата е во тоа што на проблемите не им се спротивставувам co разумот.

Ако ме боли главата, тоа е или од настинка или поради нискиот притисок. А имам толку работи и проблеми co кои треба да се соочам! Секој ден ми доаѓаат луѓе co своите проблеми, co своите болки. Мислам на оние што поминале низ различни неволји, на болните…

И ако на некој му биде подобро, a тоа не ми го каже за и јас малку да се порадувам, продолжувам да се грижам за него.

Старче, како монахот правилно да ја насочи својата помисла, за да не се уморува co логиката?

Треба да ја организира co духовната, а не co светската логика; да го заврти копчето на духовната фреквенција, неговото размислување и неговата поставеност кон се’ треба да биде духовно. Дури и кај еден мирјанин што живее духовно нема место за светската логика. Светската логика е за еден добар човек, но неверник.

Старче, што подразбирате под духовно поставување /кон работите/?

Духовно поставување е кога она што тебе ти причинува радост, се коси co она што им причинува радост на луѓето од овој свет.

Се радуваш, на пример, кога не ти обраќаат внимание. Само ако живееме спротивно на светските стремежи, ќе пребиваме во духовна средина.

Сакаш пари? Ќе го дадеш и паричникот. Сакаш трон? Ќе седнеш на коклица.

Старче, колкав процент на логика имаме ние?

Море, вам ви е потребно малку да ги олабавите „винтовите”.

Ќе се молам за тоа љубовта да ви ги олабави „винтовите”, зашто во тоа и е божествената лудост. И навистина, подобри се оние што се лекуваат во Лембетија, од христијаните-рационалисти, од гордите логичари.

Пренесено од книгата “Со болка и љубов кон современиот човек” од старец Пајсиј Светогорец

Претходна статијаНе гледаш ли мажу, каква чест ти укажува Господ со тоа што ти ја дал жената? (Св. Јован Златоуст)
Следна статијаСувото знаење штети! (Поука од старец Пајсиј)